Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ништо на светот не би сменил за мојата луда авантура до клупата на најмоќната женска селекција!“
Спорт

„Ништо на светот не би сменил за мојата луда авантура до клупата на најмоќната женска селекција!“

26/07/2023

AA

Македонскиот стратег Влатко Андоновски, кој веќе четири години е селектор на женската селекција на САД, а моментно го има првото мундијалско искуство со актуелните фудбалски светски владетелки, за ФИФА посочи дека ништо не би сменил од неговата животна авантура која од фудбалер во Македонија го одведе на печалба во САД, па преку футсал и женски младински категории дотурка до највредното тренерско место во женскиот фудбал.

Андоновски повеќе од две децении живее и работи во Америка, после фудбалската кариера од Вардар, Цементарница и Македонија ЃП во 90-те години, па прво почна да игра мал фудбал, а потоа се префрли на женскиот фудбал и сега е еден од топ десетте тренери на светот во женска конкуренција.

Популарниот Шате со САД веќе тргна успешно на актуелниот женски Мундијал во Австралија и Нов Зеланд во обид да се одбрани светскиот трон и да се освои петтата светска круна по таа во 2019 година, кога беше назначен за селектор веднаш после освојувањето на титулата. Андоновски пред две години првпат ја водеше САД на едно големо натпреварување, на ЛОИ во Токио, каде освои бронза.

„Мојата кариера е луда авантура, но една голема авантура и не би ја сменил за ништо на светот. Низ сѐ што поминав, за да дојдам до оваа позиција (селектор на САД – н.з.), ми помогна да бидам тренер каков што сум. Од тренирање млади категории, преку футсал, голем фудбал… Тоа се елементи што јас од секое ниво ги земав како претходни искуства во тренерската кариера. Затоа овој настап на СП е нешто апсолутно неверојатно, едно искуство кое ми носи посебна возбуда и предизвици кои нѐ чекаат и ќе бидат тешки, но затоа уште повозбудлива ќе биде оваа авантура“, вели Андоновски.

Тој откри два детали кои се клучни за неговата работа во американската селекција, првата аналитичноста и максималната посветеност на секој детал, а втората семејните вредности како темел за семејна атмосфера во националниот тим.

„Јас сум човек кој е многу аналитичен и многу посветен на детали. А, тоа ме направи мојот математички беграунд (во Македонија учел математика на највисоко ниво, а бил регионален шаховски првак). На овој дел би го додал и мојата посветеност кон семејството, така да јас се обидувам да создадам семејно опкружување во репрезентацијата и тоа е нешто што нѐ води напред. Кога ја добив работата, знав во што се впуштам, дека седнувам на кормилото на најдобриот тим на светот. Знам сега дека главна цел е да се освои Мундијалот, но има и други работи кои ги подготвувавме, а тоа е подготовка на тим и за подолги стази, со 14 нови фудбалерки, да имаме тим за следните ЛОИ и следното СП“, додава Андоновски.

 

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

OJO оформи предмет за енормно загадување на водата за пиење

13/02/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на стариот пат Скопје – Тетово, автомобил излета

13/02/2026
Македонија

„Празнувај со срце, вози со разум“: Апел до граѓаните за

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ОВОЗМОЖИЈА ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА НИВА? Потребна

13/02/2026
Македонија

САД И MAKEДОНИЈА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РЕЦИПРОЧНА, ФЕР И ИЗБАЛАНСИРАНА

13/02/2026
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41402
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

OJO оформи предмет за енормно загадување на водата за пиење во Струга!

13/02/2026

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот

Сообраќајна несреќа на стариот пат Скопје – Тетово, автомобил излета од патот и се преврти!

13/02/2026

Сообраќајна несреќа се случи денес на стариот пат што ги поврзува Скопје со Тетово, поточно во близина на раскрсницата што

„Празнувај со срце, вози со разум“: Апел до граѓаните за празникот на виното и љубовта!

13/02/2026

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упати апел до сите учесници за внимателно, совесно и одговорно учество

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy