Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Никотинските ќесичкии откажувањето на цигарите – истражувањата покажаа извонредни резултати
Македонија

Никотинските ќесичкии откажувањето на цигарите – истражувањата покажаа извонредни резултати

25/07/2025

AA

Иновативните алтернативни никотински производи кои се помалку штетни за здравјето** претставуваат катализатор во шведскиот напредок кон остварувањето на целта за општество без чад – во кое помалку од 5% од населението ги користи традиционалните цигари. Ова го покажува анализата од истражувањето „Моќта на никотинските ќесички“, кое било спроведено во април и мај годинава во Шведска, на 892 испитаници кои се бивши пушачи, преку метод на интервјуа и фокус групи. 

-Оваа револуција во јавното здравство не е резултат на политиките засновани на забрани, туку поради смелото и прагматично прифаќање на политиките за намалување на штетите. Ова истражување открива дека постигнувањето на извонредниот успех е олеснето преку прифаќањето на оралните никотински ќесички во Шведска – иновација без чад и тутун што помогна да се забрза намалувањето на стапките на пушење во последниве години, особено кај жените, пишува во анализата.

Во неа се додава дека откако Шведска во 2016-тата година го овозможила користењето на никотинските ќесички како помалку штетен никотински производ**, со тоа се забрзало намалувањето на стапките на пушење кај двата пола, со раст од речиси 200% на стапката на откажување на цигари кај жените. Пред појавата на никотинските ќесички, потрошувачката на цигари кај Швеѓанките се намалила за само 16% помеѓу 2009 и 2015 година, во споредба со 27% кај мажите во истиот период. Но, од 2016 година па до 2024 година, трендот се сменил: стапката на откажување од пушење кај жените всушност се забрзала, надминувајќи ја онаа кај мажите. Стапката на пушење кај Швеѓанките е намалена на 5,7% за разлика од 11,2% во 2015 година, што претставува забележителен пад од 49%.

-Лансирани во 2016 година, никотинските ќесички се модерни производи без чад и тутун кои испуштаат никотин без согорување или вдишување. Овие производи се состојат од мали ќесички кои содржат никотин и се поставуваат помеѓу усната и непцата, олеснувајќи ја апсорпцијата преку оралната мукозна мембрана. Отсуството на согорување, чад или плунка, во комбинација со недостатокот на мирис, ги прави особено привлечни за пушачите кои бараат алтернатива на цигарите. Истражувањата покажаа дека никотинските ќесички се најбезбедниот метод** за испорака на никотин затоа што не содржат тутун, избегнуваат изложеност на белите дробови со испорака на никотин преку апсорпција на орално ткиво и имаат хемиски состав сличен на производите од терапијата со замена на никотин (NRT), кои се дефинирани како основни лекови во терапијата за откажување од страна на Светската здравствена организација (СЗО), се потенцира во анализата „Моќта на никотинските ќесички“.

Испитаничките одговориле дека доколку нивните преферирани никотински ќесички повеќе не бидат достапни на пазарот во Шведска, една од три жени (34%) би ги побарале на друго место, наместо да преминат на друг метод за откажување од пушење, што е јасен показател и за ефикасноста и за емоционалната инвестиција на ќесичките во откажувањето од пушење.
Дополнително, 16% од жените испитанички изјавиле дека би можеле повторно да пушат доколку ќесичките не се достапни.

-Анализата на здравствените податоци, националните анкети и сведоштвата на жените покажуваат дека никотинските ќесички се најбезбедната, општествено најприфатливата и еколошка алтернатива на цигарите** што одговара на денешниот начин на живот. Тие се прагматични, ефикасни и нудат најсветла надеж за свет без чад. Шведските докази се кристално јасни: никотинските ќесички се најефикасната алатка за да им се помогне на пушачите – а особено на жените за да се откажат од цигарите, вели коавторката на анализата, д-р Марева Гловер.

-Кога жените имаат пристап до чисти алтернативи без стигма, стапките на откажување од пушење се зголемуваат. Креаторите на политики мора да го напуштат својот прохибионистички начин на размислување и да го следат шведскиот пример базиран на докази. Погрешните забрани и бариери го блокираат пристапот до овие производи што можат да спасуваат животи, истакнува коавторот на анализата, д-р Делон Хјуман.

Според истражувачите, на светот повеќе не му се потребни теоретски дебати или хипотетички модели за да разбере како да се победи пушењето. Тие тврдат дека Шведска го обезбедила планот и сега е време и другите нации да го следат примерот – со прифаќањето, а не со попречувањето, на улогата на модерните орални никотински ќесички во постигнувањето на иднина без чад.

Меѓу најупотребуваните во Шведска се никотинските ќесички Velo* кои истовремено ослободуваат и вкус и никотин. Овие алтернативни никотински производи без чад, нудат посебна сензација во устата што не се чувствува како при пушењето цигари. За разлика од цигарите, овој производ не испушта аеросол. Ова им дава можност на возрасните потрошувачи да користат алтернативни производи без да влијаат штетно на оние околу нив. Производителот на Velo* информира дека овие никотински ќесички се направени од висококвалитетни состојки. Тие содржат никотин, вода, билни состојки, ароми и засладувачи. Исто така, постојат никотински ќесички со различни вкусови и различни дози на никотин, кои се достапни и на пазарот кај нас.

*Овој производ не е без ризик и содржи никотин, состојка која создава зависност.

**Врз основа на тежината на доказите и претпоставувајќи целосно префрлување од пушењето цигари. Овие производи не се без ризик и предизвикуваат зависност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy