Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николовски: Наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани
Македонија

Николовски: Наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани

14/04/2025

AA

Наплатата на приходи остварени од Царинската управа во првото тримесечје годинава се поголеми за 13,6 милиони евра во однос на истиот период минатата година. До ОЈО и ОЈО ГОКК само од ноември до сега се поднесени 102 кривични пријави, или за повеќе од цел тригодишен период од 2020 до 2023 година кога биле поднесени вкупно 85 кривични пријави. Во првото тримесечје се остварени 143 случаи на заплени или за 77 проценти повеќе во однос на минатата година. Притоа, мобилните царински тимови во овој период оствариле повеќе од 100 заплени што е еднакво на годишен просек на заплени споредбено од 2017 до 2023 година. Ова беа само дел од резултатите на Царинската управа кои ги презентираше денеска директорот на Царинска управа, Бобан Николовски по повод одбележување на 14 Април, Ден на Царинската управа. На настанот свое обраќање имаше и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, а во присуство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, директорите на БЈБ, АНБ, како и директорите на органите во состав на Министерството за финансии, бизнис заедницата, како и царинските службеници.

„Царината и царинскиот систем се од есенцијално значење за развојот и заштитата на економијата на една држава. Само со современa царинa и царински систем, постои можност за остварување економски просперитет на државата како и нејзино интегрирање во современите меѓународни економски текови. Современата и модерна царина исто така има улога на заштита на домашната економија, со што се создаваат услови и за економски развој на државата. Царинската управа е една од клучните институции за системот на јавните финансии. Таа е одговорна за наплата на голем дел од буџетските приходи, така што не случајно истата е и чувар на финансиските интереси на државата.“, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Директорот Николовски истакна дека тенденцијата на пораст на наплатата на приходи продолжи и годинава при што во првото тримесечје е остварена наплата од речиси 480 милиони евра или 13,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Притоа приходите од Царина се повисоки за 15,6 проценти, од акциза за 5,7 проценти, а од данок на моторни возила за 16,2 проценти. По основ на извршени проверки и контроли од Секторот за контрола и истраги наплатени се 20 милиони денари, а донесени се и решенија за дополнителна наплата на износ од 5,7 милиони денари. Овие средства значат повеќе инвестиции за капитални проекти, за училишта, градинки, болници, патишта, повисоки плати и пензии, за поконкурентна економија. Ваквите резултати се должат на зголемени контроли и зголемена тимска работа и делување на ниво на институција, а не на поединци, рече директорот Николовски.

Во првото тримесечје од годинава се остварени 143 случаи на заплени, или за 77 проценти повеќе во однос на минатата година кога бил остварен 81 случај на заплени.

„Преку спроведување на сериозни и темелни истраги влеговме во траг и откривме сериозни криминални мрежи. До Основно јавно обвинителство и до Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција во 2024 година се поднесени вкупно 89 кривични пријави, против 46 правни лица и  122 физички лица. Овде особено сакам да ги истакнам резултатите во последните пет месеци, заклучно до седми април, период во кој нашиот тим од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе 102 кривични пријави до Основното јавно обвинителство и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против 58 правни и 184 физички лица. За споредба во тригодишен период од 2020 до 2023 година биле поднесени 85 кривични пријави за цели три години. Анализирано на месечно ниво од 2016 година наваму во овие пет месеци имаме историски најмногу поднесени кривични пријави на месечно ниво“, истакна Николовски.

Притоа, како што рече, Царинската управа, преку Секторот за контрола и истраги, застана на патот и спречи разработена шема на организиран криминал со употребувани возила при што досега се поднесени 12 кривични пријави против 6 правни и 30 физички лица, при што дел од лицата се теретат за повеќекратно извршување на исти или слични дела.

Како доказ за посветеноста се и случаите во кои беа запленети 188,6 килограми марихуана, уникатен златен накит со тежина од 1,7 килограми и вредност пола милион евра, околу 600 килограми анаболични стероиди, 6,4 килограми сребро.

„Особено би сакал да го истакнам и работењето на мобилните царински тимови кои покажуваат извонредни резултати. Во 2024 година мобилните царински тимови во рамки на Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги остварија 193 заплени, од кои 136 се остварени во втората половина од годината. Уште повеќе, во 2025 година, остварија повеќе од 100 заплени што е на ниво на годишни остварени резултати споредбено во периодот од 2017 до 2023 година кога имало евидентирани заплени кои се движеле од 52 до најмногу 110 за цела година“, рече директорот.

Воедно истакна дека во моментов се реализираат инвестиции во вредност од 24,4 милиони евра кои се обезбедени од Светска банка, Република Кореја, од ЕУ како грант средства, како и од националниот Буџет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy