Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИКОЛОВСКИ НАЈАВУВА ПРЕДВИДЛИВОСТ НА ПАТУВАЊЕТО СО ВОЗ: Скопје-Куманово ќе се патува за 41 минута
Економија

НИКОЛОВСКИ НАЈАВУВА ПРЕДВИДЛИВОСТ НА ПАТУВАЊЕТО СО ВОЗ: Скопје-Куманово ќе се патува за 41 минута

08/02/2025

AA

За само шест месеци успеавме да оспособиме 8 активни локомотиви за карго превоз и 6 патнички возови. Претходно имаше нула локомотиви и само еден воз. Тоа е разликата на нашето работење, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто на ТВ Сител.

Тој потенцира дека со чесна и посветена работа се успеало да се оствари зголемување од 75 отсто на карго превозот и 37 отсто на бројот на патници во последните три месеци од 2024 година споредено со истиот период од претходната година.

„Скопје-Куманово ќе се патува за 41 минута, луѓето ќе имаат предвидливост за патувањето. Наутро ќе дојдат за Скопје, попладне ќе се вратат. Дополнително планираме почести возови за Битола и за Прилеп, разгледуваме да отвориме мегуѓрадски возови за Тетово и Гостивар, во перспектива да ја вратиме линијата кон Штип и Кочани. Ова е разликата од претходно кога имаше нула локомотиви”- истакна вицепремиерот Николоски.

Во однос на пругата кон Бугарија, вицепремиерот најави дека е формирана комисија од македонска страна и очекува од Бугарија да потврдат дека се подготвени да инвестираат во проектот, за што ќе биде потребна заедничка заложба и договор.

“Бугарската влада испрати еден текст, во суштина тоа е во рамки на претходно разговараните технички прашања во Софија и во Брисел. Ние формиравме комисија од наша страна, покрај мене тука е министерката за финансии, министерот за надворешни работи и директорот на Железници Инфраструктура. Очекуваме слично да се формира и од нивна страна, да поразговараме, да се договориме и да добиеме јасна заложба од бугарска страна дека навистина тие се спремни да вложуваат. Не е само да имаме железничка линија од Скопје до Крива Паланка, туку да се поврземе со Софија и Бургас, што ќе го направи коридорот 8 функционален “ – додаде вицепремиерот Николоски.

Тој дополни дека остануваат трите суштински услови, а тоа е дека мора да има тунел што ќе спојува, Бугарија го изведе својот дел од пругата и да го реконструира делот кој што веќе постои и трето да се направи ревизија на цената на проектот на македонска страна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy