Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николовски: Граѓаните наскоро повторно ќе добијат дневна евтина тарифа за струјата
Македонија

Николовски: Граѓаните наскоро повторно ќе добијат дневна евтина тарифа за струјата

18/05/2023

AA

Членот на ЦО на СДСМ Дарио Николовски во емисијата „10 минути“ на ТВ21 порача дека граѓаните може да бидат сигурни дека нема да има енормони ценовни шокови на електричната енергија, снабдувањето со греење ќе се одвива непречено и идната грејна сезона, а наскоро можат да очекуваат и повторно да добијат дневна евтина тарифа за струјата.

Кризниот енергетски штаб на владата како и досега будно ја следи состојбата и реагира да се донесат правилни мерки, кои и понатаму ќе им даваат сигурност на граѓаните дека државата е тука за нив, истакна Николовски, додавајќи дека опозицијата ширеше црни сценарија за рестрикции, енормно покачување на струјата и низа други работи со кои ги заплашувше граѓаните, но ништо од тоа не се случи.

Николовски нагласи дека сега кога грејната сезона заврши, може да се констатира дека периодот што измина е успешен и дека снабдувањето со греење ќе биде непречено и идната грејна сезона, без оглед на степенот на оштетувањата и реконструкцијата на мостот Беласица, бидејќи има уште еден алтернативен вод кој што се наоѓа на железничкиот мост.

Периодот што измина е успешен, со успешно спроведени мерки и политики, кои продонесоа за зголемување на домашното производство на електрична енергија, а со тоа и за намалување на увозот. Од почетокот на 2022 до крајот на март 2023 година произведени се некаде над 2,7 милиони мегават часови домашна електрична енергија, уделот на увозот се намали од околу 30 отсто на некаде 11-12 проценти, се фокусиравме на увоз на материјали потребни за производство, а не на електрична енергија, што резултираше со многу помал увоз на струја и зголемено количество на домашна произведена електрична енергија, рече Николовски.

Членот на ЦО на СДСМ Дарио Николовски нагласи дека одлука за дневна евтина тарифа на струјата носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која веќе ги прави анализите.

Со оглед на се она што се случи, елдорадото на инвестиции во обновливи извори на енергија, сите бројки на веќе инсталиран капацитет на електрична енергија од обновливи извори од фотоволтаици за 2022 и првиот квартал од 2023 година, вклучиувањето на сите домашни капацитети даваат за право да очекуваме РКЕ многу брзо да ги заврши анализите и веќе во следните месеци може да се очекува дневна евтина тарифа на струјата, нагласи Николовски.

Наша цел е да бидеме енергетско независна држава со оглед на тоа што како држава имаме одлична местоположба, имаме изобилие на  сонце, ветер и вода, како и мерките и политиките што се спорведуваат се во таа насока. Тоа е процес што се случува во годините што изминаа и во годините што доаѓаат ќе дојдеме до таа цел, порача членот на ЦО на СДСМ Дарио Николовски во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy