Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николов: И по седум години власт на СДС и ДУИ 80 проценти од ветените проекти во здравство останаа нереализирани
Македонија

Николов: И по седум години власт на СДС и ДУИ 80 проценти од ветените проекти во здравство останаа нереализирани

16/12/2023

AA

Запознаени сме со проблемите на пациентите од целата држава. И тука во Кавадарци ја гледаме истата слика, граѓаните се жалат дека тешко стигнуваат до здравствена услуга преглед, а уште потешко до интервенција, дека нема основни лекови, а тие што ги има се од постара генерација, дека во голем процент и приватно плаќаат услуги, дека имаме централизирани здравствени услуги наместо заложба за нивно децентрализирање и секој пациент да добие услуга поблизу до местото на живеење, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата во Кавадарци.

Според него немањето системско решение и досегашната негрижа за специјалистичкиот кадар се гледа и во Кавадарци. И тука, како што вели Николов, недостасуваат специјалисти од повеќе оддели.

„Персонал нема ниту во итната медицинска помош. Во здравствените институции нема нови апарати, нема нови возила, па за „грижата” за здравството во Кавадарци говори податокот дека последното ново возило било од 2012 година, а здравствените работници дури се принудени сами да купуваат основни средства и лекови. Негрижата и заминувањето на кадарот е нотирано и во извештајот на Европската комисија за здравство каде имаме НУЛА напредок во здравството“, рече Николов.

Николов укажа дека има низа нереализирани ветувања од Програмата за живот на СДСМ.

„Нашите проценки се дека и по 7 години власт одродената влада има 80 проценти нереализирани проекти токму во здравството. Но, ние продолжуваме заедно со фелата, директно од терен и заедно со здруженијата на пациенти преку пошироки консултации да дојдеме до заеднички решенија кои ќе ги преточиме во изборната програма која ќе е победничка“, кажа Николов.

Николов посочи дека во Кавадарци каде е во посета со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ќе се одржи и стручна академија која е петта по ред.

„За нас е посебно важна затоа што е на иницијатива на експерти од областите примарна и превентивна медицина, а во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Се обврзуваме дека ваквиот пристап и заедничкото изнаоѓање решенија со фелата и здруженијата ќе биде и во иднина основа на креирање на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, заклучи Николов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy