Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови
Економија

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови

16/12/2023

AA

Очекувањата се дека инфлацијата и до година ќе се намалува со натамошно стабилизирање на цените на храната и енергијата на светските берзи, во отсуство на поголеми надворешни и домашни шокови. На среден рок, стапката на инфлација би се свела на историскиот просек од околу 2%. Во следниот период треба да им се посвети внимание на структурните политики со кои би се зголемило домашното производство и би се намалила чувствителноста на домашната економија на некои идни потенцијални шокови, порачува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Слободна ТВ.

Гувернерката, зборувајќи за најновите податоци за инфлација, посочи дека од четвртото тримесечје лани, кога во октомври беше достигната највисока стапка од околу 20%, се забележува постојано намалување на стапката на инфлација. „Последните статистички податоци од октомври, па и ноември, со стапки од 3,5%, односно 3,1%, го покажуваат трендот на намалување. Нашите последни, октомвриски проекции предвидуваат дека просечната годишна стапка на инфлација за 2023 година ќе биде околу 9,5%. За следната година, се разбира под претпоставка дека нема да има некои поголеми надворешни, но и домашни шокови, очекуваме продолжување на овој тренд при што, на среден рок, би се постигнал историскиот просек за нашата економија од околу 2%“, истакнува Ангеловска-Бежоска и дополнува дека очекувања на Народната банка се многу слични со оние на Европската централна банка за движењата на инфлацијата во еврозоната и ЕУ, којашто очекува постигнување на целната инфлација од 2% во текот на 2025 година.

Ангеловска-Бежоска посочува дека поставеноста на монетарната политика придонесла кон намалување на инфлацијата. Како и останатите централни банки од почетокот на кризата, и нашата централна банка започна со затегнување на монетарната политика, уште на крајот на 2021 година преку операциите на девизниот пазар. „Започнавме поумерено, како што главно правеше централнобанкарската заедница, а потоа и со посилни затегнувања на монетарната политика со каматните стапки. Имајќи ја предвид структурата на нашата економија и нашиот финансиски систем, ние не се ограничивме само на делување преку каматните стапки, туку активно влијаевме и преку ликвидносниот канал, а ги користевме и останатите монетарни и макропрудентни инструменти, коишто ги имаме на располагање“, истакнува гувернерката. 

Инфлацијата зависи од многу варијабли, затоа клучно е да се водат претпазливи макроекономски политики, за да се задржат позитивните трендови и на подолготрајна основа да ја стабилизираат инфлацијата и инфлациските очекувања, вели Ангеловска-Бежоска. Притоа, истакнува дека е многу важно преку структурните политики да се придонесе за зголемување на понудата и да се усогласи со побарувачката, со што ќе се намали ранливоста на домашната економија, којашто како високо отворена економија со трговска отвореност 140% од БДП, е исклучително подложна на шокови. Покрај тоа што сме зависни од увоз на енергија, нашата економија има ниска енергетска ефикасност, односно  за производство на една единица БДП трошиме трипати повеќе енергија  во однос на ЕУ. Како дополнителни фактори коишто влијаат врз инфлацијата се посочуваат и степенот на ефективна конкуренција, односно во економиите каде што има поголема ефективна конкуренција и ценовниот притисок е помал, како и состојбите на пазарот на трудот. Доколку се дејствува кон сите нив, преку структурни политики, би се зголемила отпорноста на економијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и

22/09/2026
Македонија

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите

22/09/2026
Македонија

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026
Македонија

ЛЕТОТО СЕ ВРАЌА НА КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ Македонија може повторно

22/09/2026
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и дневен престој се клуч за

22/09/2026

Ниту еден наставник со договор на неопределено време не остана без работа по фузијата на околу 450 паралелки во основното

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите на македонската делегација во Вашингтон

22/09/2026

На телевизија Телма во емисијата „Директно” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека американската турнеја на

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026

„Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша. Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy