Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Заштитата на Охридското езеро и басенот на река Црн Дрим е приоритет за Владата
Македонија

Николоски: Заштитата на Охридското езеро и басенот на река Црн Дрим е приоритет за Владата

26/11/2025

AA

Остануваме посветени на заштитата и управувањето со водните ресурси во државата во согласност со приоритетите за економски развој и заштита на природните богатства како и усогласување на директивите на ЕУ, истакна денеска вицепремиерот Николоски на состанокот на експретско ниво за заштитата на сливот на река Дрим и Охридското сливно подрачје. 

Вицепремиерот Николоски во своето обраќање истакна дека Владата преку системски мерки презема активности за заштита на водите, потенцирајќи ги акционите планови кои ги реализираат ресорните министерства во насока на заштитата на природните ресурси.  

“  За нас, заштитата на водата и водните ресурси е од големо значење. Чистата вода не е само природно богатство, туку и цивилизациска вредност што го одредува квалитетот на животот и одржливоста на идните генерации. Сливот на реката Дрим, кој опфаќа неколку земји и култури, ја симболизира нашата меѓузависност и колективна одговорност, но е и регион за градење политичка соработка, како и за развој на одржлива економија. Дрим не е само река, Дрим е наше природно богатство и наследство, а во исто време сливот на реката Дрим е регион со огромен капацитет за развој на инфраструктурата и туризмот. Водите на Охридското Езеро претставуваат културна вредност, туристички потенцијал и важен економски двигател. Чистата вода станува ресурс што создава можности, работни места и ни овозможува меѓународно препознавање”-истакна вицепремиерот Николоски.

Тој дополни дека Владата активно работи на спроведување на Стратегијата за рехабилитација на природното и културното наследство на охридскиот регион, а истакна и силна подршка на меѓународниот проект за заштита на сливот на река Дрим. 

“ Во овој поглед, силно го поддржуваме проектот ГЕФ на охридското крајбрежје, како и напорите на Глобалното партнерство за води – Медитеран. Сите мора заеднички да се фокусираме на борбата против различните форми на загадување на водата и да создадеме еколошки пристап што ќе произведе здрави екосистеми и долгорочна безбедност на водата”-рече вицепремиерот Николоски.  

Состанокот беше во организација на Дрим Кор Групата на кој се разговараше за идните мерки и активости за заштита на сливото подрачје на реката Дрим. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy