Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен фаворит на изборите, власта исплашена од извесниот пораз сака да ги украде, затоа не го пополнува местото во ДИК
Македонија

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен фаворит на изборите, власта исплашена од извесниот пораз сака да ги украде, затоа не го пополнува местото во ДИК

14/12/2023

AA

Извесно е и сите очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите, тоа го покажуваат и сите анкети. Но од друга страна, извесно е дека оваа владејачка гарнитура ќе оди во опозиција, затоа што, ние јасно кажуваме дека ниту со СДСМ ниту со ДУИ ќе имаме соработка, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување на ТВ21.

Тој додава дека поради ова, последниве недели таква нервоза и паника ги има фатено да сериозно не става во сомнеж за тоа како ќе изгледа изборниот процес.

„Ќе кажам еден основен пример кој што е суштина на изборите, а тоа е органот за спроведување на изборите, Државната изборна комисија. Во моментов Државната изборна комисија е во неполн состав која што согласно закон таа треба да има седум члена од кои што четири се од власта и три се од опозицијата. Во моментов има четири од власта, два од опозицијата, затоа што третиот член од опозицијата во меѓу време стана власт, а тоа е Кренар Лога кој што стана министер од Алијанса за Албанците и ова место останува правно. Согласно законот во многу јасно утврдени рокови, кои не се повеќе од месец дена, требаше да се избере нов член на ДИК на предлог на опозицијата. До денес се поминати година дена како Алијансата е член на владата, нов член на ДИК нема, после жесток притисок во јавноста да се направи конкурс и тој конкурс го манипулира власта затоа што, прво, во законскиот рок од три дена не се разгледаа кандидатурите, туку се разгледуваа после месец дена од завршување на конкурсот“, вели Николоски.

Тој додава дека втора работа што укажува дека власта се спрема за нефер изборен процес е тоа што сега се спори и предлогот на опозициската која што треба да го заземе слободното место во ДИК со цел да го одложат процесот за комплетирање на Државната изборна комисија.

„Ние веќе влегуваме во изборен период, затоа што датумот за избори веќе е договорен, а ДИК не е потполна. Ова е само еден пример, што нас не тера сериозно да се замислиме дали власта сака да ги краде изборите“, истакна Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy