Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта Марковски ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола
Македонија

Николоски: Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта Марковски ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

03/12/2023

AA

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека додека оваа влада креира мерки за поткуп со кој го потценува народот со 500 или 1000 денари, јавноста мора да знае дека милионите течат во приватни џебови од државни тендери.

„Власта на СДС и ДУИ на заминување се утепа од крадење во последните денови од власт и нормално местото за крадење и „златната кокошка“ за крадење е РЕК Битола и Електрани на Македонија со омилената компанија на власта Марковски Компани од Битола која што ги добива сите возможни тендери во РЕК Битола.

Денес ќе презентирам фрапантен случај како броилото на власта врти додека народот осиромашува. Пред вас презентирам договор кој во суштина е рамковна спогодба за ангажирање на 10 булдожери гасеничари од Марковски Компани кои треба да бидат ангажирани во РЕК Битола во период од 18 месеци по замислете неверојатни 16.253 денари по час.

Повторувам 16.253 денари по час или вкупната вредност на оваа рамковна спогодба е 9 милиони и 200 илјади евра кои Марковски Компани треба да ги добие за ангажирање на само 10 булдожери гасеничари во рамките на РЕК Битола.

Овој договор кој го презентирам и кој кажав дека чини неверојатни 16.253 денари по час, значи дека Марковски Компани за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра, или за сите 10 булдожери ќе наплаќа 63.000 евра.

Отворено се поставуваат неколку прашања:

Колку нови булдожери може да се купат со договор од 9.2 милиони евра и тие да бидат во сопственост на државата, а не на омилената приватна компанија?

Дали можеби можат да се купат 15 или 20 булдожери кои ќе бидат во сопственост на државата, а не во сопственост на Марковски Компани?

Кој поединец, кој граѓанин заработува по 16.253 денари за работа за само еден час или 6.300 евра дневно? Ова го нема никаде!

Кој заработува 6.300 евра дневно или 253 евра по час за сопствената работа, дали има втор случај во Македонија или во регионот или во Европа со вакви цени?

Понатака, за народот антикризните мерки кои владата ги дава се во вредност од 500 или 1000 денари, а за своите од Марковски Компани се 16.253 денари. Ова е тежок скандал.

Прашувам кој е интересот на власта од овој договор? Кои се скриените коруптивни намери во овој договор и кои се првенците од власта од СДС и ДУИ кои имаат дебела корист од овој договор? Дали е вистина или не, дека врвот на СДС директно ги договара тендерите во РЕК Битола?

Ваков договор треба да е предмет на опсервација и на проверка од обвинителството и сите надлежни институции и да најавам ако тоа не го направат во следните 4 до 5 месеци, ќе го направиме ние после промената на власта затоа што мора да има одговорност за кражбата на народните пари“, порача Николоски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy