Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Владата на СДС направи двојно понижување за Македонците, прво со промената на името на државата, а сега и со промена на личните документи со новото името
Македонија

Николоски: Владата на СДС направи двојно понижување за Македонците, прво со промената на името на државата, а сега и со промена на личните документи со новото името

31/01/2024

AA

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа, вели дека и покрај тоа што техничката влада е за организирање на фер и демократски изборен процес, техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ за само две се обидел да помогне на граѓаните и изнајде соодветно решение за издавање на патните исправи, проблем кој што го наследил од претходната влада и Оливер Спасовски и покрај ограничени овластувања и ингеренции.

Треба да бидат свесни граѓаните дека ова е техничка влада, технички премиер, технички министер и немаат големи овластувања. Овластувањата и на министерот за внатрешни работи и на министерот за труд и социјала се насочени кон организација на фер и демократски избори. И треба да знаат дека тие имаат свои заменици и имаат врзан потпис, односно не можат ниту една работа да направат без другиот човек кој што е на предлог на СДС не го потпише тоа. Така што им се намалени многу ингеренциите. Но, и во вакви услови соочени со една акутна ситуација, а тоа е издавањето на лични документи, пасоши, се обиде министерот за внатрешни работи да помогне. Велам да помогне затоа што ги нема сите ингеренции, кога би бил во полн мандат, тогаш може и да ги решава проблемите. И ова е апсолутно наследен проблем кој што во изминатите 5 години Оливер Спасовски не го решаваше, дециден е Николоски.

Николоски истакна дека доколку тогашната влада на СДС предводена од Зоран Заев не го променеше името на Македонија, до ова денеска не би дошло, потенцирајќи дека граѓаните се двојно понижени, прво кога беше промената на името, а втор пат сега кога треба да вадат нови лични документи со променетото име.

И да бидеме исто така отворени и до крај директни ова е проблем кој што го создаде владата на СДС, односно Зоран Заев и Никола Димитров кој што го потпишаа срамниот Преспански договор со кој што се промени името на Македонија. Затоа што кога не би се променило името ние воопшто не би го имале овој проблем. Така што ова е едно двојно понижување на граѓаните. Ако од една страна Македонците беа понижени со промената на името, сега втор пат се понижени со тоа што треба со месеци да чекаат за издавање на пасоши или лични карти со променетото име, рече тој.

Николоски посочи дека владата на СДС е најлошата влада во историјата на Македонија, бидејќи направила најголема штети за граѓаните по основ на сите параметри.

Ако објективно ги погледнеме работите, ова е најлоша влада во историјата на Македонија. Влада која што направи најголема штета. Прво граѓаните се апсолутно понижени, се потпиша Преспанскиот договор, се промени името на државата, се потпиша таканаречениот договор за пријателство и добрососедство со Бугарија, кој не е ниту за пријателство, ниту за добрососедство, од причина што се прифати дека Македонија и Бугарија, односно македонскиот и бугарскиот народ имаат заедничка историја, што не е точно. Понатаму, малку беше тоа па се прифати оној предлог од 2022 година популарно наречен француски предлог, иако не е француски предлог, туку бугарски со кој што се стави уцена за Македонија да почне преговори треба да го промени Устав, дополнително на тоа економијата тоне секојдневно, а корупцијата цвета. И кралеви во Македонија, не крунисани за кои не важи никаков закон се припадниците на ДУИ, затоа што тие се тие кои што владеат во Македонија со кршење на сите закони. Тоа им го дозволи СДС и тоа се тажните резултатите за цела држава после овие скоро 7 години владеење, рече Николоски.

Потпретседателот Николоски кажа дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реши покрупните проблеми во делот на борба со корупцијата и во функционално правна држава и во делот на економскиот развој.

Убеден сум дека не само овој, туку и многу покрупни проблеми ќе решава идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, и во делот на борба со корупцијата и функционално правна држава и во делот на економскиот развој што за мене е најзначаен, додаде Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45866
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок доби машина за миење возила

29/09/2026

Битолското јавно претпријатие „Нискоградба“ после 15 години купи нова градежна машина „HIDROMEK“ и промени две надградби на товарни возила „RENO

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори и домот „Кузман Јосифовски-Питу“ во

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе биде отворен реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, кој ќе биде модерен

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО Уапсени се четворица, по тројца

29/09/2026

Четири лица, сите државјани на Полска, се уапсени откако со четирицикли влегле во просторот на воените магацини во Тетово, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy