Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ  е краток и јасен, уставни измени под бугарски диктат нема да има!
Македонија

Николоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е краток и јасен, уставни измени под бугарски диктат нема да има!

24/03/2023

AA

Нашиот став е јасен и ние го кажавме, нема да учествуваме во постапката за уставни измени затоа што не ги подржуваме уставните измени. Сметаме дека истите не треба да се случат затоа што овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени, никој во програмата за изборите не вети дека ќе се случат устави измени, а граѓаните на избори гласаат врз основа на програма. Така што нашиот став е краток и јасен дека нема да поддржиме уставни измени под бугарски диктат, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Аргумент плус“ на ТВ24.

Николоски потенцира дека и кај меѓународните претставници постојано треба да се објаснува за притисокот кој го прави Бугарија и дека тие уцени не треба да се прифатат затоа што ниту се пристојни, ниту добрососедски.

– Сакаат да ги слушнат нашите аргументи затоа што ние аргументирано дебатираме. Тоа се луѓе кои не живеат тука и сакаат да дознаат повеќе информации како сме стигнале тука. Го објаснуваме односот како Бугарија ја уценува Македонија, го објаснуваме тој однос кој е далеку од демократски, добрососедски и далеку од пристоен. Тоа се уцени кои не сме спремни да ги прифатиме, изјави Николоски.

Николоски посочи дека од друга страна од владејачката коалиција од СДСМ и ДУИ прифатија обврски кои не може да ги испорачаат затоа што прифатија промена на Устав што се прави со двотретинско мнозинство, а тие едвај имаат просто мнозинство.

– Гледаме дека владата едвај преживува, а камо ли да има двотретинско мнозинство. Нашиот став е јасен и нема да го промениме, а тоа е дека овој парламентарен состав нема мандат за промена на Уставот и не можеме да поддржиме.

Николоски нагласи дека не може Ковачевски за 4-5 месеци од неговиот избор да реши проблем кој постои повеќе од 150 години откако Бугарија постои како држава и чии ставови до денес се непроменети.

– Заради тоа во април месец минатата година претседателот Мицкоски јавно на прес конференција понуди тим заеднички да ги браниме позициите на Македонија, тоа беше одбиено, а нашиот предлог беше суштински. Власта требаше самата да побара да се вклучиме тогаш, а не тие веднаш да одбиваат предлози.

Николоски појасни дека потоа веќе се зборуваше дека власта ќе прифати предлог кој е усогласен меѓу нив и Бугарија, а и тогаш ВМРО-ДПМНЕ даде аргументи кои не сакаа да се прифатат.

– Имавме средба во клубот на пратеници на кој дадовме јасни забелешки каде се проблемите што е проблем во преговарачката рамка и што Бугарија наметнува. Ништо не беше прифатено и власта после тоа прифати промена на Устав иако знаеше дека нема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Власта прифати нешто што не може да испорача. Власта целосно изгуби легитимитет и најдобар начин е да се организираат предвремени избори

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42417
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира тропски ноќи во Македонија

13/04/2026

Метеопрогнозерот Славчо Попоски очекува претстојното лето во Македонија да биде значително потопло од просекот, со чести топлотни бранови од Африка

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy