Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски открива за Бехтел и Енка: Ковачевски лаже, наместо 51%, само 30 % од работниците за градба автопатите ќе се од Македонија
Македонија

Николоски открива за Бехтел и Енка: Ковачевски лаже, наместо 51%, само 30 % од работниците за градба автопатите ќе се од Македонија

20/04/2023

AA

ФОКУС: Освен обврската за воведување 60-часовна работна недела и плаќање пенали доколку тоа не се направи, дали договорот има други спорни елементи?

Николоски: За вашиот медиум ексклузивно ќе откријам уште еден сегмент. Се работи за план 11 од договорот што се однесува за бројот на работници и план за работа. Во него е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни.
Согласно договорот, од вкупниот број работници, 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци.
А премиерот лаже дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници. Пред мене ги имам точните податоци по година и по класификација на работници, каде што јасно може да се види дека 70 отсто ќе бидат странци.
Уште поголем проблем е што за сега некој да дојде да работи во Македонија , треба да добие работна дозвола и дозвола за престој. Само за работниците на автопатиштата на „ Бехтел и Енка “ ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза.
А тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што е можно некој што има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример. Истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и по шест месеци, барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви проблеми тоа лице ќе направи. Ова е уште едно кршење на законите.


>> Биди дел од нашата Viber група <<

ФОКУС: Но, власта ја убедува јавноста дека овој конзорциум е сериозен и дека реализирала крупни проекти во многу земји.

Николоски: Уште една информација. Косово е попаметно од Македонија. И таму се градеше автопат од „Бехтел и Енка“. И таму е иста сумата на пенали од 53 милиони евра што Косово требало да им ја исплати, или трошоци за работа како што ги нарекува нашата влада. И во Македонија и во Косово, пеналите се 53 милиони евра.
Специјалното обвинителство на Косово, во февруари лани поднело обвинение против поранешниот министер за транспорт и инфраструктура затоа што прифатил ваков договор. Еве за жал, во владеење на правото паднавме и под Косово.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy