Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски од Лондон: Започнуваме нова историја за развој на Македонија
Македонија

Николоски од Лондон: Започнуваме нова историја за развој на Македонија

22/05/2025

AA

Вицепремиерот Александар Николоски денеска во Лондон, во име на Владата на Република Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори.

Николоски, заедно со владината делегација, истакна дека потпишувањето на договорот токму во историската „Черчилова соба“ во Министерството за трговија и бизнис во Лондон е симболичен чин и силен сигнал за продлабочување на партнерството меѓу двете земји.

„Ова стратешко партнерство со Обединетото Кралство го гледаме како чекор кој ќе ја доведе Македонија на едно ново ниво. Денеска потпишуваме договор за развојни инфраструктурни проекти во транспортот, образованието, животната средина, ИТ секторот и здравството. Благодарни сме што британската влада преку својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање постави рамка од 5 милијарди фунти – најголемата економска рамка во македонската историја“, изјави Николоски.

Според него, веќе се подготвени три проекти за имплементација: изградба на брза железница на Коридорот 10, нови болнички капацитети, како и нови образовни установи, вклучително и Медицинскиот факултет. Дополнително, се најавуваат и идни проекти во енергетиката и екологијата.

Николоски посочи дека покрај финансиската поддршка, Македонија ќе има корист и од британското административно и бизнис искуство, што ќе придонесе за унапредување на домашната јавна администрација и приватен сектор.

„Со нетрпение го очекуваме и Договорот за стратешко партнерство. Овие два договори ќе воспостават сосема нови односи меѓу нашите земји – надвор од НАТО-сојузништвото, кон уште посилна билатерална соработка“, нагласи Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42396
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и расчистување со старите злоупотреби

12/04/2026

Глобалните геополитички тензии и растот на цените на енергенсите создаваат сериозен притисок врз економијата, но компаниите во технолошко-индустриските развојни зони

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и

12/04/2026

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026

Новата учебна 2025/2026 година носи загрижувачки трендови во основното образование, но и мал оптимизам кај средното, покажуваат најновите податоци за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy