
НИКОЛОСКИ ОД ЛОНДОН: Објасни каде и што ќе се гради со британските пари
Брза пруга и нови болници ќе се градат со парите што Македонија ќе ги добие од Британија.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави дека Македонија добива на располагање 5 милијарди британски фунти (околу 6 милијарди евра) од британскиот Инструмент за поддршка на надворешното финансирање (UKEF) за реализација на значајни инфраструктурни проекти.
Вели дека парите ќе ги користат исклучиво за реализирање конкретни проекти што носат додадена вредност за државата. Дел од веќе потврдените проекти се: брза пруга на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, изградба и реконструкција на болници во Кичево, Тетово и Штип, нов медицински факултет со студентски дом во Штип.
фото принтскрин