Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: На состанокот во вторник со ЕУ ќе понудам најдобри можни решенија што ќе ги договориме заедно со транспортерите
Македонија

Николоски: На состанокот во вторник со ЕУ ќе понудам најдобри можни решенија што ќе ги договориме заедно со транспортерите

30/01/2026

AA

Истрајноста и единственоста на превозниците од Македонија и од целиот регион, беше клучна за Европската Унија да реагира и да донесе документ со кој превозниците ќе бидат квалификувани како „професионалци“. Тоа е она што го баравме и тоа е она што го бараа превозниците. Закажан е состанок во вторник на кој ќе се дефинираат сите прашања и јас во координација со транспортерите ќе понудам најдобри решенија, истакна во вечерашното интервју за ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

„Европската Унија ја забрза целата процедура, тие планираа да го носат овој документ многу подоцна. Станува збор за документ од 19 страници, којшто целосно ги опфаќа новите правила на Шенген зоната и таму има еден клучен збор, каде што возачите на камиони се прифаќаат како професионалци“ што е прв пат ЕУ на тој начин да го реши проблемот и кој беше суштински. Беа понудени три решенија и ова беше едно од решенијата“ – истакна Николоски.

Вицепремиерот потенцираше дека на состанок ќе се дефинираат сите прашања за да се излезе од оваа ситуација.

„Овој состанок не се закажуваше речиси години дена, па се закажа за 6. февруари, а сега се помести за вторник, што мислам дека симболички многу значи. Сакам да им честитам на сите оние храбри луѓе коишто излегоа на протестите и покажаа дека проблемот е доста сериозен. Да им честитам на одлучноста и храброста. Ја имав честа да ги посетам на протестите и да ги поддржам. Тоа што беа единствени и истрајни и не успеа никој да ги скрши, не коментирам одредени други држави од регионот каде други премиери и министри се обидуваа да ги скршат. Ние да дадовме поддршка, јас, премиерот и тоа доведе до ваков потег на Европската Унија“-рече Николоски.

Тој потенцира дека сите решенија и ставот на Владата ќе се креира заедно со транспортерите

„Ние сме во целосна координација со превозниците, се договоривме по состанокот во Брисел, заеднички да седнеме и да ги разгледаме предлозите коишто ќе дојдат од таму и мојот одговор ќе го работам заедно со нив, затоа што сакам да понудам најдобри можни решенија кои ќе одговараат на нашите транспортери. Тие се едни од основните двигатели на македонската економија и цели градови во Македонија живеат од овој сектор“-додаде тој.

Во однос на временската рамка, колку ќе траат овие разговори со ЕУ и кога најрано може да се очекува конечно решение, Николоски рече дека до ова лето би требало да се најде решение како нормално би можел да функционира транспортот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy