Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Најмалку пет земји членки на ЕУ мислат дека не заслужуваме почеток за преговори со ЕУ, поради високото ниво на корупција
Македонија

Николоски: Најмалку пет земји членки на ЕУ мислат дека не заслужуваме почеток за преговори со ЕУ, поради високото ниво на корупција

08/10/2023

AA

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната дебата во Струга, насловена „Борба со криминал и корупција, темелна европска вредност“, во рамките на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ изјави дека пет големи земји членки на Европската унија сметаат дека земјава не заслужува ниту почеток за преговори за членство со Унијата поради, како што рече, високиот степен на криминал и корупција.

– Доколку Македонија беше според перцепција за корупција во првите 30 во светот, а не во првите 100 како што е во моментот, верувајте многу поразлично ќе изгледаше проблемот со нашиот сосед Бугарија. Затоа што во моментот најмалку пет земји членки на ЕУ, не мислам на Германија, но мислам на останатите, мислат дека Македонија не заслужува ниту почеток за преговори за членство со ЕУ, пред се заради високо ниво на криминал и корупција, и затоа не се врши притисок врз Бугарија. Нема притисок, затоа што мислат дека државата не е спремна, рече Николоски.

Корупцијата, нагласи, ја има „од најниско до највисоко ниво, од шалтерски работник до премиер“, забележувајќи дека граѓаните се иселуваат поради немање ред и поредок во државата.

Потсети на, според него, корупциски скандали на Владата на СДСМ и ДУИ, кои, како што рече почнале со формирањето на Владата, набројувајќи некои од нив.

И пратеникот Драган Ковачки и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на коруцијата во државата, со забелешка дека власта помага и ги прикрива кривичните дела поврзани со високи форми на корупција.

– Факт е дека кога прашувате за институциите, блокадите на борбата со корупцијата доаѓаат од самата власт. Власта е директно одговорна за блокадите кон нашиот евроинтегративен процес. Имаме еден институционализиран криминал каде што институциите кои што се задолжени за борба со корупцијата наместо да ја сузбиваат и процесуираат, тие се нејзини главни помагатели, рече Ковачки.

Тој говореше за недовербата на граѓаните во системот изнесувајќи бројки од неодамнешна анкета во која, според него, 85 отсто од граѓаните имаат недоверба во системот, знаат дека нема владеење на правото и дека корупцијата е во нагорна линија.

Општина Струга, како што истакна претседателот на Општинската организација на ВМРО – ДПМНЕ Ален Деребан, е класичен пример за непочитување на правната држава и оти криминалот метастазира во секоја општествена сфера.

– Општина Струга е класичен пример за непочитување на правото и правната држава, во моментов е управувана од урбана мафија која секојдневно врши злоупотреба на законите за просторно и урбанистичко планирање, градење и постапување со бесправно изградени објекти. Во Општина Струга урбанистичките планови се носат за задоволување на бизнис интересите на поединци, а не за општиот интерес на сите граѓани, рече Деребан.

Тој посочи примери на злоупотреби кога градоначалникот давал решение за реконструкција, а на терен се граделе нови објекти. Кажа дека организираниот криминал метастазира и во образованието, економијата, јавните набавки, културата, спортот и во сите сфери од општественото живеење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy