Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Македонскиот народ 30 години попушта,  нема веќе попуштања, што е доста доста е!
Македонија

Николоски: Македонскиот народ 30 години попушта, нема веќе попуштања, што е доста доста е!

21/05/2023

AA

„Ние во 2020-та година, на тие избори не ветивме уставни измени на граѓаните. Ниту пак ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту ДУИ, ниту Алијанса, ниту никој. А, сега кога ќе има избори нека излезат и нека ветат уставни измени, па да видиме дали ќе ги гласаат граѓаните“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во „Детектор“ на Сител телевизија.

Николоски додаде да не се дозволи да се случи како што се случи со Охридскиот Рамковен договор, кога политички партии во 1998 година не ветија таков договор,а го потпишаа во 2001 година.

„Македонскиот народ 30 години е притискан да попушта нешто“, нагласи Николоски.

Николоски укажа дека ако власта е толку сигурна дека има мнозинство за уставни измени, нека го стават во Собрание на Дневен ред.

„Ние сметаме дека договорот е лош, ние мислиме дека директно удира во темелите на македонската држава и затоа не прифаќаме“, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не можам да се согласам дека Македонија има само еден избор, а тоа е да прифати дека македонскиот народ е ист како бугарскиот народ, дека корењата ни се бугарски, дека има бугарска историја, дека зборува дијалект на бугарски јазик. Тие работи нема никогаш да ги прифатиме по ниедна цена“, порача Николоски.

Тој рече дека доколку ЕУ смета дека Македонија заслужува да оди напред тогаш може да се најдат други форми како да се започнат преговорите со ЕУ. Во спротивно барањата на Бугарија само ќе растат.

„Во една средба со премиерот Пленковиќ ми рече вие сте нација која што најмногу има истрпено и најмногу има дадено во овие 30 години“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44912
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе ги поврзе Големото Езеро и

08/08/2026

Стариот земјен пат на Пелистер, кој потекнува од периодот на Првата светска војна, треба повторно да биде ставен во функција

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП бара итно поставување м-таг на

08/08/2026

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите сообраќајни метежи и колони на патиштата низ државата, побара итно поставување на М-ТАГ уреди

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026

Денеска се навршуваат 25 години од заседата на армискиот конвој кај Карпалак во која убиени беа десет припадници на Армијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy