Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Има нечесна коалиција помеѓу ДУИ, СДСМ и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Николоски: Има нечесна коалиција помеѓу ДУИ, СДСМ и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ

20/09/2023

AA

Во интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ФАЦ, помеѓу другото, обзнанува нешто што ние извесен временски период го знаевме, но чекавме да добиеме солидни податоци за да го потврдиме во јавност. А, тоа е дека има една нечесна коалиција помеѓу ДУИ, пред се Али Ахмети и Артан Груби, СДСМ и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ каде што се тргува со различни идеи. Едни идеи биле да се обезбедат пратеници за уставни измени, па кога се видело дека тоа е невозможно затоа што сите 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат јасен став против промена на Уставот под бугарски диктат, што и се покажа на гласањето на 18 август оваа година во Собранието, се преминало кон други идеи за ослабнување на ВМРО-ДПМНЕ, вели во интервју за телевизија Шења, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во однос последните случувања во партијата.

Николоски додаде дека таквата идеја пропаднала и дека во моментов, сценариото за обезбедување пратеници за уставни измени веќе е „адакта“, зошто ниеден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и тоа се покажа на 18 август.

Откако пропаднала оваа идеја, Николоски вели дека после тоа се разговараат или се размислуваат други идеи и сценарија кој што се насочени во насока на намалување на разултатот на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори.

„Што е многу интерсно, многу прецизно ги бирам зборовите, значи не вели пораз на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори, туку намалување на резултатот што значи дека дури и оние кои што по природа треба да се оптимисти, мислам тука пред се на владејачката коалиција ДУИ и СДСМ, дури и тие знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламетарни избори. И сега прашањето е колкава ќе биде разликата, колку пратеници ќе има ВМРО-ДПМНЕ“, вели Николоски.

Тука е целта, посочува Николоски, да ВМРО-ДПМНЕ има помалку пратеници се со цел да може да биде уценувано за формирање на идна влада или со притисок да се изгласаат овие уставни измени под бугарски диктат или да се прават некакви широки коалиции, или некакви амнестии на криминалци кој што се во моментов во власта.

„Значи, тоа им е рамислувањето за кое што се активирале сега, а секако и тоа нема да им успее но тоа е очајот со кој што се соочуваат. И во такви разговори, за жал, е вклучен и поранешниот претседател на партијата и тоа се случува извесен временски период, некаде поинтензивно од февруари месец оваа година, па завршувајќи со овие неколку денови. И ако внимателно се гледа неговата реакција, таму, помеѓу другото, и се посакува пораз или лош резултат на партијата и така завршува во суштина неговото обраќање, што е нечесно кон партијата затоа што, мислам дека кога некој градел одредена куќа, најмалку што може да направи е после тоа да не се меша во таа куќа, а не да ја урива куќата“, истакна Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy