Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Ја пријавив Бугарија дека не сака да ја гради железницата
Економија

Николоски: Ја пријавив Бугарија дека не сака да ја гради железницата

14/03/2025

AA

Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека ја пријавил Бугарија во европските политички и финансиски институции, по нејзината одлука да ги пренамени средствата за изградба на железничкото поврзување со Македонија.

– Ние остануваме силно посветени на изградба на Коридор 8 и активно се работи на фазата Белаковце – Крива Паланка, а посветени сме и на дијалог за техничко решение за тунелот на третата секција. Тоа е НАТО коридор, втор најзначаен за НАТП, но со жалење ја примам информацијата која стигна вчера, а која е официјален документ во кој Бугарија ги пренамени средствата за реконструкција на пругата од Софија – Перник – Радомир дза изградба на пруга од Софија до Бургас и со тоа испраќаат порака за непосветеност на коридор 8 и целата пропаганда која беше водена против владата дека имае нешто против Бугарија, дека не сакаме да се поврзуваме, на крај како вистината излезе на површината.

Испратив писма до Европската делегација и Транспортна заедница, до ЕБОР и ЕИБ дека Македонија има потпишано договори за кредит и треба да плаќаме резервации ако не ги користиме 350-те милиони евра од договорот за кредит,а тие не би се користеле не заради нас, туку поради другата држава и ги информирав за оваа работа, рече Николсоки, кој присуствуваше на настан во Ѓорче Петров.

Министерот додаде дека на 7 март испратил формално писмо преку МНР до бугарското министерство за транспорт и бугарската влада дека од македонската страна е формирана работна група на највиспко ниво и дека се очекува посветеност и од Бугарија за железничко поврзување на Скопје и Софија.

Николоски рече дека во моментов од Бугарија нема активни проекти и нема финансирање, а времето наместо за договор се троши за пропаганда.

– Втората фаза ќе ја завршиме сигурно, а третата има смисла само ако се поврземе со Бугарија и за тоа мора да има договор, изјави тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗГОЛЕМЕНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО БРВЕНИЦА ВО СПОРЕДБА СО ПРВИОТ КРУГ До

01/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено

31/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Го

31/10/2026
Македонија

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КИЧЕВО Николоски најави продолжување на инфраструктурните

31/10/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНСКИ Димитриевски уверува дека ставот на

31/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНО ЗДРАВСТВО И ЕДУКАЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛИСТИ Нов договор меѓу Македонија

31/10/2026
Македонија

Народната банка: Одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија

31/10/2026
Македонија

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се

31/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46479
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗГОЛЕМЕНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО БРВЕНИЦА ВО СПОРЕДБА СО ПРВИОТ КРУГ До 9 часот гласале 3,98 проценти

01/11/2026

Излезноста во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот изнесува 3,98 проценти, односно своето

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено попладне и во текот на

31/10/2026

Облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, нè очекува во недела. Според прогнозата на метеоролозите,

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Го нарече „мумија” и „балсамиран лик“

31/10/2026

СДСМ под водство на Венко Филипче упати отворен напад врз својот прв претседател Бранко Црвенковски. Во партиско соопштение објавено на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy