Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Никола Тасев и ТОТАЛ ТВ денеска не се појавија во Кривичниот суд, ЈО ги гони за 500 000 евра
Македонија

Никола Тасев и ТОТАЛ ТВ денеска не се појавија во Кривичниот суд, ЈО ги гони за 500 000 евра

22/05/2023

AA

Управителот на ТОТАЛ ТВ Никола Тасев, кого Обвинителството го гони за Злоупотреба на службената положба и овластувања, по членот 353 од Кривичниот законик, не се појави на првото рочиште во скопскиот Кривичен суд, пренесе Канал 5.

Тој е обвинет дека во периодот од 2015 до 2017 година спротивно на Законот за трговските друштва без да свика Собир на содружници склучувал договори, со што нанел штета на правното лице од над 500 илјади евра.

На рочиштето беше присутен еден од неговите адвокати, кој тврдеше дека Тасев не бил уредно поканет па заминал на службено патување. Судијката Љубинка Башеска на ова одговори дека поканата била испратена и дека ова е прв и последен пат да дозволи одлагање на судењето поради службени обврски на обвинетиот и дека на следното рочиште Тасев ќе мора да се појави.

На судењето беше присутен и малцинскиот содружник, Тони Илијовски, кој е оштетен во постапката. Тој вели дека кривичната пријава ја поднел во 2018-тата година и дека очекува фер постапка.

„Разочаран сум зошто обвинетиот не беше присутен и не достави некаков доказ оправдување од адвокатот, но сепак се надевам дека на следното рочиште ќе биде присутен“, изјаво Илијовски.

Јас сум изненаден на нереакцијата на мнозинскиот сопственик на оваа фирма Тотал ТВ за Македонија кој не пријавил оштетување бидејќи во самото обвинение сумата на штета изнесува 503 илјади евра, од која малцинскиот сопственик, оштетениот би требало да добие доколку се докаже вина 25 отсто од таа сума, остатокот е на мнозинскиот сопственик, зошто тоа не се прави не ми е познато“, рече Кирил Мирчески – полномошник на оштетениот, пренесе Канал 5.

Адвокатот на обвинетиот Тасев не сакаше да даде изјава за медиумите, а обвинителката Лидија Раичевиќ по рочиштето кажа дека очекува да се докаже кривичното дело и Тасев да биде осуден, и посочи доколку се откријат и други дела во текот на постапката истите ќе бидат процесурани.

-Во овој предмет кој јас го застапувам не дојдов до елементи кои се потребни за да го предадам предметот на обвинителството за гонење на орагнизиран криминал и корупцијата. Што се случува со другите телевизии и постапки не знам, но доколку се појави било каков момент во постапката такви сознанија ќе бидат јавнообвинителски опсервирнаи и по нив ќче биде постпакено согласно законот изјави Лидија Раичевиќ, јавен обвинител.

Следното рочиште за овој предмет е закажано за 28 јуни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy