Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Никола Димитров промовираше невладина организација „Солуција“
Македонија

Никола Димитров промовираше невладина организација „Солуција“

27/04/2023

AA

Партиите мора да бидат натерани да бидат подобри. Надеж гледам во граѓанството кое што мора да биде гласно, мора да стане сила за да нема вака бришан простор за еднопартиско самоволие во државата, порачува поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров, кој вечерва ја промовираше невладината организација „Солуција“, преку конференција на тема „Излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизмот“.

Во изјавата што по настанот ја сподели тимот на „Солуција“, Димитров меѓу другото вели дека „сите заедно не здружува сонот за здрава, функционална и средена држава, како и дека е голема дилема дали некогаш нашата Македонија била во полоша ситуација“.

-Мислам дека ни треба една дебела јасна линија каде завршува државата, каде почнува партијата. Мислам дека ни треба нов општествен договор за да школството, и здравството, и администрацијата не зависат од тоа кој ќе победи на избори, истакнува Димитров.

Тој посочува дека неговото разбирање за политиката не се само партиите или не се само избори, како и дека чувствува голема должност да биде дел од иницијативата која што ќе создаде граѓанска платформа што ќе турка кон мерит и кон професионализам.

Како што стои на официјалната фејсбук страна на „Солуција“, мисијата на оваа невладина организација е посветена на справување со корупцијата, клиентелизмот и поларизацијата на општеството, унапредување на општествената дебата, облагородување на јавниот наратив и културата на дијалог; креирање и поддршка на конструктивни решенија во политиката, економијата, правдата, животната средина, надворешните работи, мирното решавање на меѓународните спорови; унапредување на демократијата, заштита на човековите слободи и права, почитување на достоинството на човекот и развој на либералните политики.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy