
Никола Јаничиќ – МВП на првенството
Тој беше наш најдобар кошаркар и втор стрелец вкупно на шампионатот, а блесна во големото финале во кое постигна 30 поени, 5 скока, 4 асистенции и 4 украдени топки за индекс 31. На тој начин, Јаничиќ, кој од лани е во САД, уште еднаш потврди дека е светла иднина на македонската кошарка.
Покрај Јаничиќ, во идеалната петорка се најде уште еден македонски репрезентативец – Марко Лукановски, а останатите тројца се Имран Суљановиќ и Фин Шот од Австрија и Александар Гаваљугов од Бугарија.
