
Никола Јакимовски од Охрид го фати крстот во Охрид, не е од Варош
Никола Јакимовски од Охрид го фати крстот во Охрид. Но не од Варош.
„Да ни е за многу години, здравје, среќа и љубов кај сите. Да бидеме здрави како дрен и да ги уживаме благодетите на животот. Среќни да сме со тоа што го имаме и многу да ни е, радост бидејќи со радоста се е поубаво и повесело“, рече Јакимовски по фаќањето на светиот крст.
Јакимовски беше даруван. Од име на Владиката доби златно ланче со крст, а потоа следуваше и дарување од страна на градоначалникот.