Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Никој не сака да го преземе телото на убиецот од Градачац
Магазин

Никој не сака да го преземе телото на убиецот од Градачац

15/08/2023

AA

Никој , дури ни неговиот татко, не сака да го преземе телото на Нермин Сулејмановиќ, кој во петокот на 11 август уби три лица во Градачац, а потоа се самоуби. Негови познаници за новинарите на „Аваз“ во Градачац изјавиле дека таткото на Нермин Сулејмановиќ рекол: „ Не ме интересира тоа г***о“.

Сулејмановиќ ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ пред очите на нивната ќерка, пренесувајќи се во живо на Инстаграм. Потоа тој уби уште две лица во градот, татко и син, Џингис и Денис Ондер, кои ги познавал од порано. Во крвавиот поход Сулејмановиќ рани три лица, меѓу кои и мајката на Денис.

Неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ беше погребана вчера во Мионица кај Градачац,  а на погребот присуствуваа повеќе од илјада луѓе.Турските државјани Денис и Џенгис се погребани погребани денеска, додека мајката на Денис се уште е во болница и се наоѓа во тешка состојба и животна опасност.

Најмалку 15.000 луѓе го следеа „крвавиот поход“ на Сулејмановиќ на социјалните мрежи, а федералната полиција уапси 40 лица кои го поддржувале во текот на преносот „во живо“. Затоа министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ изјави дека мора да се поведе „многу повеќе“ сметка за менталното здравје на босанско-херцеговското општество.

„Не можеме да ја амнестираме ниту судијката која, очигледно, набрзина и недоволно посветена на случајот, донесла одлука да ја одбие жалбата на жртвата и да не го прифати барањето за забрана за приоѓање“, изјави Нешиќ.

Судијката од Градачац, Лејла Нумановиќ, како што објавија медиумите во Босна и Херцеговина, дел од решението го „копирала од друг предмет“.

Но, одлуките за забрана за пристап до жртвата не секогаш даваат резултати, забележува Вехид Шехиќ. „Сведоци сме, а тоа го потврдуваат и анализите не само во Босна и Херцеговина, туку и во Хрватска и Србија, дека многу убиства биле извршени токму од оние на кои им било забрането да ѝ се приближуваат на жртвата“, вели соговорникот за Дојче Веле.

Друг соговорник  потенцира дека државата е должна да обезбеди заштита на граѓаните и да спроведе истрага кога ќе се случи трагедија. „Но, во Босна и Херцеговина нема независна истрага, нема превенција, нема елементарна одговорност, така што повторувањето на трагични епизоди е логична последица“, предупредува тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy