Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ – Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“
Економија

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ – Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

17/04/2024

AA

Интересни детали од разговорот со Јован Дабевски, познат македонски бизнисмен, кој гостуваше во подкастот „Бизнис муабети“ на Фактор. 

„Јас бев тој што пред години тврдев дека во ресторанот „Кораб Трница“ можат да седат и семејно да ручаат луѓе од повеќе националности, и да не си пречат еден на друг. Тогаш никој не ми веруваше. За денеска без проблем таму да видите и Македонци, и Албанци, и Турци, и Македонци-муслимани, и на сите им е пријатно“, вели Дабевски.

Тој се осврнува и на темата зошто на нашата држава и од економски аспект и е многу битно што поскоро да стане членка на Европската унија.  

„Во Европа ние сакаме да бидеме, и јас се молам секој ден да станеме членка на Европската унија“, вели Дабевски. 

На прашањето на водителот Мишко Иванов дали не се плаши од конкуренција во бизнисот кога земјава ќе стане членка на ЕУ, тој вели:

„Нема зошто да се плашам, тоа е толку милионски пазар… Да, точно е дека на стартот тие ќе не нападнат и ние ќе изгубиме еден дел, но нашите можности се зголемуваат. Ние сега како Македонци во делот на храната од животинско потекло, како што е месото и млекото, имаме право да извезуваме само во земјите од ЦЕФТА, а во Европска унија не можеме. Е сега, ако станеме членка на ЕУ. И сега, ни се отвораат такви хоризонти, што практично ние добиваме, а не губиме“, објаснува овој познат бизнисмен. 

Вчера Фактор пренесе дел од Подкастот „Бизнис муабети“, чии гостин е Дабевски, а целосната епизода од овој наш серијал ќе можете да ја проследите во петок.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44973
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy