Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Никој не е над Повелбата на ОН, одговорност за злосторствата во Украина мора да има, порачаа Бербок и Османи
Македонија

Никој не е над Повелбата на ОН, одговорност за злосторствата во Украина мора да има, порачаа Бербок и Османи

23/03/2023

AA

Ние го поддржуваме Меѓународниот кривичен суд и налогот што го издаде за рускиот претседател Владимир Путин и покрај сите контроверзи кои постојат. Никој не може неказнет да помине, доколку прави злосторства против човештвото, иако понекогаш тоа трае многу долго, години децении, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок на заедничката прес-конференција со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.

Во одговор на новинарско прашање дали би го уапсиле Путин ако постои таква можност по издадената наредба за негово апсење од Меѓународниот суд во Хаг, што заменик претседавачот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев го оцени како објавување војна на Русија, Бербок истакна дека никој не смее да биде над Повелбата на ОН.

– Европскиот мировен поредок не се напаѓа само со бомби во Украина, туку и со тоа што Русија не е подготвена за мир. Таа не сака да ги стави на располагање средствата на ОБСЕ за луѓето кои што се залагаат за мир во Европа да можат да ја добијат својата плата. Тоа јасно кажува зошто за (германската) Сојузна влада е важно дека ја поддржува Украина, не само со воена помош, туку и преку сите институции за мир се обидува да даде придонес. И тоа е многу важно за ОБСЕ, освен за буџетското плаќање, помагаме и со дополнителни средства кои што се префрлаат, а тоа го прваат и другите држави. На тој начин ние ја браниме Повелбата на ОН, затоа и се случува тоа со Меѓународниот кривичен суд, кој беше создаден за сите злодела да не бидат неказнети, туку да биде јасно дека никој во светот не е над Повелбата на ОН, никој не е над хуманитарното право, порача Бербок.

Османи, пак, нагласи дека земјава уште од првиот ден недвосмислено ја осуди неиспровоцираната и неправедна руска агресија врз Украина, пристапи веднаш во овозможување хуманитарна и воена помош и е четврта земја во НАТО, според воената поддршка што ја има дадено. Земјата, додаде тој, се приклучи на сите 10 пакети санкции на ЕУ кон Русија, има и 100 процента хармонизираност со надворешната и безбедносна политика на Унијата и недвосмислено ги осуди злосторствата, особено врз цивилната инфраструктура и цивилно население, како и потребата за одговорност за тие кои што ги извршиле тие злосторства.

– Ги поддржавме сите резолуции и иницијативи по однос на иницирање формален процес за барање одговорност за тие злосторства и се разбира дека ќе се придружиме на сите тие иницијативи. Но, и во мојот капацитет како претседавач на ОБСЕ, имавме исто така недвосмислен став. Како Северна Македонија по трет пат го поддржавме иницирањето на т.н. Московски механизам за да се процени состојбата на злосторствата во Украина, а како претседавач го осудив и бев присутен во Советот за безбедност, каде во име на Организацијата побарав да се повикаат на одговорност сите сторители на злосторства во Украина, рече Османи.

Судскиот совет на Меѓународниот кривичен суд во Хаг минатата недела издаде наредба за апсење на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин поради, како што беше наведено, неговата одговорност за военото злосторство „илегална депортација на деца и незаконско преселување на деца од окупираните територии на Украина во Русија“. Наредба за апсење беше издадена и за Марија Лвова-Белова, комесар за правата на децата во Канцеларијата на претседателот на Руската Федерација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy