Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИКОЈ НЕ ДАДЕ МИЛИОН ЕВРА, А НЕ ПОНУДИ НИ 600 ИЛЈАДИ – трета среќа за Топланата Север, еве на колку сега падна цената
Економија

НИКОЈ НЕ ДАДЕ МИЛИОН ЕВРА, А НЕ ПОНУДИ НИ 600 ИЛЈАДИ – трета среќа за Топланата Север, еве на колку сега падна цената

23/02/2024

AA

Прво за неа се
бараа дури еден милион евра, па потоа очекувањата се симнаа на 600 илјади. Но,
никој не ја сакаше, за сега да се нуди за 350 илјади евра. Но, дали и за оваа
сума ќе се најде купувач, останува да се види во понеделник наредната недела.

Погодувате, станува
збор за Топланата Скопје Север, која во понеделник ќе се нуди на јавна
берзанска аукција по моделот „се или ништо“.

Газда на Топланата
Север која снабдува со парно околу 500 скопски домаќинства е Топлификација,
која, пак, од поодамна е во стечај, па затоа се очекува дека средствата што би
се добиле од неа ќе влезат во стечајната маса, а потоа ќе се распределуваат на
довери.

Прво овој објект се
нудеше за 982 илјади евра, па на втората аукција почетната цена се симна на 607
илјади евра. На претстојната понеделничка „трета среќа“ за Топланата Север ќе
се бараат 350 илјади евра.

„Ве известуваме дека на 26
февруари (понеделник), на барање на
членката Комерцијална Банка по пат на јавна берзанска аукција на акции при
продажба на големи пакети на акции од страна на продавачот Топлификација -во
стечај ќе се понуди за продажба пакет од 77.414 обични акции издадени од Скопје
Север АД Скопје што претставува 99,98 отсто од основната главнина на
друштвото, со почетна продажна цена од 278 денари по акција преку моделот се
или ништо“, се вели во објавата од Берзата.

Дали воопшто аукцијата планирана за понеделник ќе се реализира, ќе
видиме, односно дали ќе се јават воопшто заинтересирани купувачи и дали тие ќе бидат
подготвени да платат соодветна сума за топланата. За таа топлана ќе биде многу добро
да си добие сопственик, прецизно дефиниран, кој правилно ќе стопанисува со неа
и ќе се грижи за нејзиното одржливо и рентабилно работење.

А, јавна берзанска аукција за големи
пакети акции, според правилата на берзата, говорат дека тоа е постапка во која продавачот според
однапред утврдени услови дава понуда за продажба на акции кои се предмет на
аукцијата, при што учесниците согласно правилата на аукцијата меѓусебно се
наддаваат за купување на акциите. Има неколку модели по кои се врши
продажбата. Кога се оди на моделот „се или ништо“, како во овој
случај, целата понудена количина на акции се продаваатво пакет, преку една
трансакција.Како потенцијални купувачи на
овие акции може да се јават сите заинтересирани домашни и странски правни
и физички лица, согласно законските прописи на земјава. Притоа, токму членката на Берзата која ги застапува продавачите на
акции, како што е во случајов Комерцијална банка, доставува барање до Берзата
за организирање аукција.

За јавната берзанска аукција при моделот “се или ништо” е битно
дека БЕСТ системот склучува трансакција по последната најдобра куповна цена.
БЕСТ системот ги прифаќа само куповните налози со цени кои се еднакви или
повисоки од понудената продажна цена за определена акција. Цените на
внесените куповни налози во БЕСТ системот може само да се
зголемуваат. Затворањето на аукцијата се случува автоматски при што БЕСТ
системот автоматски склучува трансакција со налогот кој е прворангиран.

Оваа компанија
во 2022 година била загубар, односно деловната година ја завршила со загуба од
321 илјади евра.

Во октомври лани Куштрим Рамадани замина од директорската позиција во Топланата
Скопје Север, а основаше и нова фирма која ќе работи во делот на инжинерските и
консултантските услуги.

„Не можев повеќе да ја издржам неизвесноста околу Топланата.
Имаше неколку обиди за продажба, но неуспешни, така што тоа прашање цело време
некако ‘виси’, во смисла – ќе се продава, не се продава. Затоа решив да се
тргнам оттаму и барем да бидам ‘на чисто’, да почнам нешто свое, па потоа ќе
видиме“, објаснува Рамадани.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy