
Нико Гонзалез не е повикан за мечот со Парма, следува ли трансфер во Јувентус?
Торинскиот клуб одамна е заинтересиран за крилниот фудбалер, но се чини дека е дојден вистинскиот момент за премин во редовите на „старата дама“. Гонзалез е во Фиорентина од 2021 година, договорот му важи до 2028, но многу веројатно деновиве ќе замине во Јувентус.
Најтрофејниот италијански тим направи целосна реконструкција во текот на летово, а има и нов тренер во Тијаго Мота.
