Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИКАКО НЕМОЈТЕ ДА ПИЕТЕ: Загадена водата во училиштата во Чешиново и Уларци
Македонија

НИКАКО НЕМОЈТЕ ДА ПИЕТЕ: Загадена водата во училиштата во Чешиново и Уларци

29/09/2023

AA

Здравствено неисправна поради бактериолошко загадување е водата за пиење од чешмите во подрачните објекти на основното училиште „Страшо Пинџур“ во селата Чешиново и Уларци.

Хемиска загаденост е регистрирана и кај локалниот водовод во селото Спанчево, поради што е препорачано водата да не се користи во домаќинствата.

Испитувањата што ги направила лабораторијата при Центарот за јавно здравје од Кочани покажала присуство и на колиформни бактерии во земените примероци вода од училишните чешми, поради што е доставено известување до Општина Чешиново-Облешево во кое се препорачува забрана за нејзино користење.

-Локалната самоуправа ги информира учениците и вработените во училиштата во Уларци и Чешиново дека водата не одговора на здравствените стандарди и не е безбедна за употреба за луѓето, односно неопходно е да се дезинфицира со превривање. Исто така, и водата од водоводот во Спанчево не одговара на пропишаните параметри поради присуство на нитрати, а потребно е нејзино таложење и дополнителна превентива пред да се користи за пиење. Главна причина за загадувањето е ниското ниво на подземните води поради долготрајниот сушен период, истакна градоначалникот на Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов.

Сличен случај на загаденост на водата во општина Чешиново-Облешево имаше и пред три години, а причината беше високото ниво на подземните води предизвикано од тогашните поплави. Поради тоа, Локалната самоуправа обезбеди пакувана вода во шишиња, што бесплатно им ја делеше на жителите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy