Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ – еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија
Економија

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ – еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

02/07/2024

AA

Лошо е што има
загуба, но добро е барем кога има од каде да се покрива. А тоа ќе бидат
акумулирани добивки од претходни години.

Некогашната
скопска хотелиерска гордост, Континентал, а сега Интернешнел хотелс, минатата
година ја завршила со негативен финансики резултат, и тоа на сума од 50 илјади
евра.

Според годишната
сметка која вчера ја усвоиле акционерите на Собрание, компанијата
повеќе потрошила отколку што остварила приходи.

Односно,
приходите изнесуваат 1,15 милиони евра, но затоа, пак, расходната страна тежи
бвлизу 1,20 милиони евра.

Во годишната
сметка е наведено дека остварената добивка пред оданочување, камати,
амортизација и отпис изнесува 145 илјади евра, но после каматите и
амортизацијата, фирмата прикажува загуба од близу 50 илјади евра.

Акционерите,
сепак, нашле „лек“ за ваквата негатива за еден од најстарите хотели, кој на
времето беше симбол за урбаното скопско живеење, а тоа е таа да се покрие од
акумулирана добивка од претходни години.

„Собранието на
акционери на Интернешнел хотелс АД за хотелиерство и угостителство Скопје, по
утврдувањето на загубата остварена во деловната 2023 година, одлучи искажаната
добивка да се покрие од акумулираната добивка од претходни години“, се вели во
одлуката која ја донеле акционерите на вчерашното собрание.

На вчерашната
сесија тие донеле и одлука да се одобри работењето на членовите на Одборот на
директори, и тоа на претседателот Адриан Џон Денис Рабет, потоа на Ендру Стуарт
Џорџ Таусенд, кој е независен и неизвршен член, на Тони Иванов кој е неизвршен
член, како и на Л Емир Хабиб Зогби, кој е извршен член на Одборот на
директори.

Инаку, ако
друштвото ги покрива загубите од акумулирана добивка од претходни години, тоа
сигурно се позитивни финансиски резултати остварувани пред 2021 година, бидејќи
во последните три години компанијата постојано има загуби и тоа поголеми од
минатогодишната.

Па така, во 2021
година загубата била 165 илјади евра, а во 2022 година таа била уште повисока и
изнесувала близу 300 илјади евра. Така што ланската загуба од 50 илјади евра
дури е и „добра“ во однос на претходните две години.

Лошите бројки на
ова АД почнаа уште во 2020 година, кога корона кризата безмилосно го нападна
хотелиерскиот бизнис, а еве како што гледаме „Интернешнл хотелс“ не може да
закрепне од тој удар ниту по три години.

Најголем акционер
на оваа компанија е KINGSWOOD
MANAGEMENT LTD, кои поседуваат 68,56 отсто од акциите,
додека, пак, помали проценти под 10 отсто имаат SILVER WINGS FINANCE LIMITED, MINERVA TRUST COMPANY LIMITED, како и INTERNATIONAL HOTELS WORLDWIDE INC, а сопствени акции
поседува и самата компанија.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни

09/08/2026
Македонија

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во

09/08/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026
Македонија

„Сеат Алтеа“ му го пресекла патот на 19-годишникот, кој загина

09/08/2026
Македонија

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026
Македонија

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44924
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни снимки од поранешната партнерка

09/08/2026

На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во повеќе региони во земјата

09/08/2026

Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026

Центар за управување со кризи информира за пожари на отворен простор до 13:00 часот: Како што велат, регистрирани се вкупно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy