Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИКАКО ДА ИЗБЕГАМЕ ОД НАШИОТ „КРПЕН ЖИВОТ“: само за храна и основни продукти трошиме 70 отсто од примањата
Економија

НИКАКО ДА ИЗБЕГАМЕ ОД НАШИОТ „КРПЕН ЖИВОТ“: само за храна и основни продукти трошиме 70 отсто од примањата

11/07/2024

AA

Стандардот на
македонските граѓани и понатаму опаѓа, и покрај сите укажувања дека граѓаните
најмногу трошат на основни продукти, и покрај растот на минималната плата,
состојбите не се подбрени. Анализа изработена од Државниот завод за статисика,
покажува дека во последните три години нашите сограѓани трошат скоро 70 проценти
само на храна, пијалоци и основни домашни потреби
.

– Просечното
домаќинство во Македонија наменува околу 68,6 отсто од својата потрошувачка за
задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина
–
нагласуваат статистичарите во анализата.

Бројките
покажуваат дека во последните три години, најголем дел од трошоците на домаќинствата
се за покривање на потребите за храна. Па така, ставката храна и безалкохолни
пијалоци во 2021 година опфаќала 47,1 процент, за во 2022 година, кога имавме
најголем пораст на цените на прехрамбените производи оваа ставка достигнала
51,1 отсто. Додека во текот на минатата година трошоците на домаќинствата за
храна се намалиле и опфатиле 50,1 процент од примањата.

Нашиот „крпен
живот“ честопати е тема на дискусија која најчесто ја потикнуваат синдикалните
здруженија кои бараат раст на платите,
осбоено потенцирајќи дека минатата
година кога најмногу поскапуваше храната, владините функционери добија
покачување од дури 78 проценти на платите. Поради превисоките трошоци кои ги
имаат семејствата за основни продукти, синдикатите бараат раст и на минималната
и на останатите плати во земајва.

– Сведоци сме дека додека платите на работниците се
зголемуваат минорно, со забавено темпо и несоодветно на инфлацијата и
зголемените трошоци на живот или воопшто не се зголемуваат, функционерите си
обезбедија пораст на платите од енормни и незаслужени 78 отсто
– посочуваат од
Сојузот на Синдикати на Македонија.

Тие
посочија дека имаме најниска минималната плата во регионот. Во Црна Гора минималецот
изнесува 450 евра, Србија 423 евра, Босна и Херцеговина (Р.Српска) 450 евра,
Хрватска 840 евра (бруто), Словенија 1.253,90 евра (бруто), Албанија 385 евра. Минималната
плата во Македонија изнесува 22.567 денари (367 евра) и е најниска во регионот,
како и просечната плата.

– Работниците бараат и очекуваат минимална плата од
најмалку 450 евра како гаранција за заштита на најранливата категорија на
населението како и за спречување на одливот на работната сила во државите од
регионот – нагласуваат синдикатите.

Анализата
на ДЗС покажува дека токму трошоците за храна имале најголем раст во 2022
година, од високи 20,9 проценти. Голем раст истата година бил забележан и кај
транспортот од дуи 19 проценти, по што следува секторот домување со 13 проценти
зголемување на трошоците.

П.О. 

Фото: Darko Cvetanoski on Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy