Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ние знаеме што значи да се биде бегалец“ – Урбановиќ: Македонија покажа огромно срце, испратени над 600 тони хуманитарна помош за Украина
Македонија

„Ние знаеме што значи да се биде бегалец“ – Урбановиќ: Македонија покажа огромно срце, испратени над 600 тони хуманитарна помош за Украина

24/02/2026

AA

Олександар Урбановиќ од здружението „Лесја Украинка“, во гостувањето на 4TV.mk по повод четиригодишнината од почетокот на војната во Украина, упати емотивна благодарност до македонскиот народ и бизнис секторот за несебичната поддршка пружена уште од првите денови на конфликтот.

Според Урбановиќ, иако секогаш може да се дебатира дали можело да се направи повеќе, заедницата на Украинците во Македонија никогаш нема да ја заборави солидарноста што ја почувствувале во најтешките моменти.

Тој истакна дека од Македонија досега се испратени повеќе од 600 тони хуманитарна помош, што за држава со оваа големина претставува огромен придонес. Оваа поддршка, како што вели, е резултат на заедничките напори на граѓаните и приватниот сектор.

Урбановиќ потсети на моментите кога Македонците самоиницијативно нуделе помош, засолниште и храна за украинските семејства.

„Никогаш нема да ја заборавиме таа поддршка во првите денови кога ги поставувавме шаторите. Луѓето доаѓаа, ги оставаа своите телефонски броеви и велеа: ‘Ние знаеме што значи да се биде бегалец, запишете нè и јавете ни се ако треба некој да згрижиме’. Луѓето примаа бегалци во своите домови, нудеа храна и облека, и сето тоа го правеа без никаков надомест“, изјави Урбановиќ.

Тој заклучи дека иако Македонија е мала држава, нејзината континуирана поддршка за Украина е голема и значајна, поради што украинскиот народ останува вечно благодарен.

Целата емисија во продолжение:

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СУДИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ИЗРЕЧЕ ПРИТВОР АКО ОБВИНИТЕЛОТ БАРА КУЌЕН

24/02/2026
Македонија

Атовска за известувањето од војната во Украина: Веројатно најдисциплинираната задача

24/02/2026
Македонија

Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста, но одредената мерка куќен притвор

24/02/2026
Македонија

Земјотрес ја стресе Албанија, се почувствува и во Македонија!

24/02/2026
Македонија

Кристина Атовска за 4TV.mk разговара за искуствата од военото известување

24/02/2026
Македонија

ДОБАР ПРОФЕСОР МОРА ДА ГИ СЛЕДИ НОВИНИТЕ ВО НЕГОВАТА ОБЛАСТ,

24/02/2026
Македонија

Даниел Ткие за 4tv.mk: Стратегијата на Путин со „зимата како

24/02/2026
Македонија

Спасеновски: Светот влегува во ера на „природна состојба“ каде посилниот

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41897
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СУДИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ИЗРЕЧЕ ПРИТВОР АКО ОБВИНИТЕЛОТ БАРА КУЌЕН ПРИТВОР Јошевска Анастасовска од Судскиот

24/02/2026

Сузана Јошевска Анастасовска, член на Судскиот совет, му одговори на министерот за правда Игор Филков, кој денеска побара одговорност од

Атовска за известувањето од војната во Украина: Веројатно најдисциплинираната задача во мојата кариера, не смеете

24/02/2026

Новинарката Кристина Атовска, која двапати известувала од Украина, во гостувањето на 4TV.mk го опиша денот во животот на еден новинар

Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста, но одредената мерка куќен притвор за Артан Груби е одлука

24/02/2026

Пратеникот Бране Петрушевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија се осврна на одредената мерка куќен

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy