Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ние сме во голема опасност! Нашиот континент се загрева речиси двојно побрзо од останатите, прогнозите се катастрофални
Македонија

Ние сме во голема опасност! Нашиот континент се загрева речиси двојно побрзо од останатите, прогнозите се катастрофални

23/04/2024

AA

Европа е континентот кој најбрзо се загрева, а температурите се зголемуваат речиси двојно побрзо од глобалниот просек, според два одделни мониторинг на климатските промени. Ова може да има големи последици по здравјето на луѓето, топењето на глечерите и економската активност, предупредија Светската метеоролошка организација на Обединетите нации (ОН) и Службата за климатски промени Коперник (C3S) на Европската унија (ЕУ).

Во заедничкиот извештај тие наведуваат дека континентот има можност да развие таргетирана стратегија за преминување на обновливи извори на енергија како што се ветерот и сончевата енергија со цел да се одговори на ефектите од климатските промени.

На континентот 43 отсто од електричната енергија се добива од обновливи извори, што е многу повеќе од 36 отсто колку што беше една година порано.

Просекот за последните пет години покажува дека Европа е за 2,3 степени потопла отколку во прединдустрискиот период, додека просекот за остатокот од светот е 1,3 степени, покажува извештајот, а пренесува АП.

– Европа се соочи со уште една година на зголемување на температурите и зголемување на климатските екстреми, вклучително топлина, рекордни температури, пожари, топлотни бранови и недостаток на снег – изјави Елизабет Хамдуш, заменик-шеф на единицата Коперник во Европската комисија.

Десет месеци по ред глобалните температури ги уриваат сите рекорди, а прогнозите за иднината се катастрофални.

Овие промени, нагласуваат од Коперник, имаат големо влијание врз здравјето на луѓето, а се проценува дека повеќе од 150 луѓе ги загубиле животите во пожари, поплави и невреме. Исто така, се проценува дека климатските промени доведоа до загуби од 13,4 милијарди евра.

– Стотици илјади луѓе беа погодени од екстремни климатски настани во 2023 година – рече Карло Буонтемпо, директор на Коперник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy