Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИЕ СМЕ ПРВИ ВО ЕВРОПА И ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО ЕУ: Мицкоски се пофали
Економија

НИЕ СМЕ ПРВИ ВО ЕВРОПА И ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО ЕУ: Мицкоски се пофали

09/06/2025

AA

Од последни во Европа по странски инвестиции, до први во Европа со 1 милијарда и двесте педесет и пет милиони евра, што е најдобар резултат од независноста до денес. Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа до денешен растот на БДП од 3.2 отсто и 4-та економија во Европа. Од двоцифрена инфлација до ниска 2.7 отсто за месец март, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски денеска во Велес на 34-тата годишна Конференција на УМС под мотото „34 години постоиме за младите“.

Мицкоски посочи дека порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците од 9 до 10 проценти на годишно ниво.

–  Од индустриското производство кое беше минус 2, до раст на индустриско производство за март од 5.2. Од автопат Кичево Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов. Затоа што нема повеќе тендери во четири очи и денес има одговорност, нагласи Мицкоски.

Во својот говор претседателот на ВМРО – ДПМНЕ посочи дека студентски домови кои беа руинирани и запустени, сега се градат и осовременуваат.

-Од срамни и штетни договори до стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Од одземена и обезличена Македонија до Македонија која е повторно ваша, и кажува што сака и за што се бори, рече Мицкоски.

Притоа порача дека помина времето кога криминалците и клановите беа главни, кога, како што рече, „артановци и заевци од државата имаа свој пашалак“.

-Македонија се исправа, и победува. Македонија припаѓа повторно на народот. Ова е ново време, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy