
Ни Османи нема врска со вработувањето на сестра му во М-НАВ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска за медиумите посочи дека нема никаква улога во вработувањето на неговата сестра во М-НАВ.
Како што вели таа работела таму повеќе време.
„Работи од пред 15 години. За критериумите ќе ги прашате во М-НАВ. Јас немам никаква улога во тоа. Тоа е 12 години пред јас за станам министер за надворешни работи. И оваа тема е искористена секои избори во последните 15 години и веќе 15 години јас истото образложение го давам. Меѓутоа, очигледно изборите го прават тоа така што ќе играме по тие ноти“, рече Османи.
Покрај сестрата на министерот Османи, во М-НАВ се вработени и роднини на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
