
Ни на Меси не му успеа ова: Винисиус постигна хет-трик за едно полувреме во Ел Класико (ВИДЕО)
Реал води против Барселона со 3-1 во финалето од шпанскиот Суперкуп, а централна фигура е „седумката“ на мадридскиот тим. Винисиус погоди во седмата и десеттата минута, Левандовски намали, но Бразилецот потоа од пенал ги постави конечните за првото полувреме, 3-1.
Со тоа стана само третиот фудбалер на Реал во последните три децении со хет-трик во Ел Класико по Иван Заморано во 1995 и Карим Бензема во 2023 година, но само Заморано успеа да дојде до ваков ефект по само 45 минути игра. Дури ни Лионел Меси, кој има два хет-трика и е најефикасен играч во историјата на Ел Класико, не успеваше за едно полувреме да постигне три гола против Реал.
Покрај сето тоа, Винисиус е прв Бразилец што постигнал хет-трик за Реал против Барселона и прв фудбалер во историјата на шпанскиот Суперкуп со хет-трик. Кога станува збор за Ел Класико, тој е 24. фудбалер во историјата со хет-трик, а интересно е тоа што на оваа листа го нема Кристијано Роналдо.

