
Ни доаѓаат поројни дождови, ќе има и грмежи
Во вторник ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, кои ќе започнат во западните делови, каде ќе бидат и пообилни, а во текот на денот ќе се прошират насекаде.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Потоа во следните два дена во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневните температури од петок ќе бидат во пораст.

