Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ни доаѓаат ледени температури кои ќе одат до -10 степени: Еве каква е прогнозата за цела недела
Македонија

Ни доаѓаат ледени температури кои ќе одат до -10 степени: Еве каква е прогнозата за цела недела

09/01/2024

AA

Во среда во западна и југозападна Европа под влијание на поле на низок воздушен притисок ќе преовладува нестабилно време со локални врнежи од дожд, а во крајните североисточни предели со врнежи од снег. Во останатите предели од Европа доминација на поле на висок воздушен притсок кој што ќе условува стабилно и студено време со спуштање на дополнителна поларна воздушна маса која што ќе се проширува над стариот континент.

На Балканскиот полуостров ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност, ветровито и студено време. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 01 до 11 степени.

Во Македонија во среда ледено утро со појава на умерен мраз и пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -9 до -2 степени. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и многу студено време. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој што ќе достигне до 20 км/ч. Максималната дневна температура во Македонија утре ќе достигне до -2 односно до 6 степени.

Во Македонија во четврток и петок ледено утро со појава на умерен мраз и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -10 до -3 односно од -9 до -2 степени. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и свежо време. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од -1 до 7 односно од -2 до 6 степени. Во сабота и недела во Македонија ледено утро со појава на умерен мраз и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -10 односно -3 односно од -13 до -6 степени. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Максималните дневни температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат во интервал од -1 до 7 односно од 1 до 9 степени.

Во Скопје во четврток и петок студено утро со појава на умерен мраз и утринска температура од -5 односно -4 степени. Во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и температура до 4 односно до 3 степени. Во сабота и недела студено утро и утринска температура од -5 односно -8 степени. Во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и малку потопло време. Максималната дневна температура во Скопје ќе достугне до 2 односно до 4 степени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy