Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Незадоволни граѓани се жалат од услугите на Македонски пошти
Македонија

Незадоволни граѓани се жалат од услугите на Македонски пошти

28/01/2023

AA

Граѓаните револтирани се жалат дека пратките што ги чекаат преку пошта не стигаат, а и тие што ќе стигнат се со многу задоцнет рок. Сметаат дека поштарите ги носат пратките само кога сакаат. Тие велат го користат модерното време и технологиите за да нарачаат разновидни и евтини производи од Интернет, но наместо да ја добијат пратката, ги губат нервите и времето обидувајќи се да дознаат каде заглавила и зошто не пристигнала пратката согласно рокот.

Нарачав чевли од 4.000 денари од Кина преку Алиекспрес.Оттаму ми кажуваат дека уште од Декември се во Македонија, а трипати доаѓав во пошта кај нас и ми кажуваат дека не се тука.Кога дојдов четвртиот пат и почнав да се расправам со нив ги пронајдоа чевлите.-вели револтирана граѓанка.

Потенцираат дека тој проблем се случува на долг рок и постојано се повторува. Вината ја бараат во македонските пошти и бараат надлежните да го решат овој проблем.

Надлежните признаваат дека има мал недостаток на персонал и за тој проблем тие велат дека наоѓаат алтернативни решенија.

Имаме голем број на старосна структура на вработени кои заминуваат во пензија, а имаме и одлив на вработени по основ отказ од работа на сопствено барање и тоа го решаваме со тоа што ангажираме договорни поштари кои извршуваат работни задачи.-вели Боро Велигденов-Претседател на синдикатот на Македонска пошта

Во врска со неодамнешните промени на услугите на цените надлежните велат дека тоа е согласно растот на инфлацијата.

Инаку во октомври имаше протест на вработените од македонски пошти поради неисплатена плата за септември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy