
НЕВРЕМЕТО ВО ХРВАТСКА ПРЕВРТЕ КАМПЕР СО ТУРИСТИ: Има црвен аларм во три региони, потоп во Далмација, откорнати дрвја, оштетени покриви
Дирекцијата за
цивилна заштита објави нови предупредувања поради невремето што ја зафати
Хрватска.
Синоптичарите на
ДХМЗ издадоа црвено предупредување за невреме со грмотевици во регионите Сплит
и Книн и Дубровник поради обилни врнежи пропратени со грмежи и голема
веројатност за поројни поплави, локално можна појава на град.
Има и ново
предупредување за Славонија. Интензивен дожд пропратен со грмежи и евентуално
пороен дожд се движи од правец на Ѓаково кон Барања во наредните часови, информираат
оттаму. На Брач нема поголема материјална штета, освен многу паднати гранки и
дрвја. Оштетени се покриви во Селци и Нови Село, а оштетен е и еден автомобил,
јавува Данас.хр.
-Во невремето во
Стон, ветерот преврте и кампер со туристи, оштети покривит, а има и педесеттина
откорнати и скршени дрвја“, пренесува Индекс изјава на читатели.
ХАК: Во прекин
сообраќајот на траектите, катамараните и бродовите
Хрватскиот авто
клуб (ХАК) предупредува на потешкотии во поморскиот сообраќај во Далмација.
Поради неповолни
временски услови, во прекин се повеќе траектни, бродски и катамарански линии.
ФОТО: ФБ
