
Невремето од Скопската котлина се движи кон Куманово!
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека невремето кое попладнево ја зафати Скопската котлина, проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, полека ја напушта областа и се движи кон Куманово од југозападната страна.
Според податоците, по течението на Црна Река кон Тиквешкото Езеро се движи силна нестабилна облачна маса, исто така проследена со интензивен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.
Од УХМР предупредуваат дека нестабилноста на временските услови ќе продолжи и во следните часови, а граѓаните се советуваат на внимателност поради можни интензивни врнежи и краткотрајни локални непогоди.