
НЕВРЕМЕТО ЈА ОПУСТОШИ СЛОВЕНИЈА, ХРВАТСКА АЛАРМИРА НА НОВО „БЕСНЕЕЊЕ“ НА ВРЕМЕТО: Кај нас се очкува попладнево
Големо невреме
зафати делови од Словенија во понеделникот вечерта. Најпогодена беше општината Загорје, каде одрон на камења делумно затрупа и оштети автобус. Двајца
патници се повредени и им била укажана итна медицинска помош.
На железничката пруга меѓу Сава и Загорје имало одрион исто така, поради што возот
излетал од шините. Нема повредени, јавува N1 Словенија. Железничката пруга ќе
биде затворена до понатамошно известување.
Во Литија силен ветер ја оштети гимназијата.
Најобилни врнежи се забележани во Литија, каде наврнале дури
107 литри дожд на метар квадратен, од кои за само десет минути наврнале 32
литри. Во Љубљана во Трбовље се измерени 57 и 48 литри дожд на метар квадратен,
пишува 24ур. Утрово врнежи од дожд имаше во Горење и северна Приморска. Во
Толмин наврнале 95 литри дожд на метар квадратен.
Невремето со обилни врнежи го зафати и подрачјето на општина
Лашко. Поплавени се повеќе згради, патишта и подвозници.
Хрватска денеска
упати предупредувања до граѓаните за уште посилно невреме.
-Од средината на
денот се зголемува веројатноста за врнежи од дожд, особено во северниот дел од
внатрешноста каде е можна и појава на грмежи и засилен ветер. Метеоаларм за
денеска издаде жолто предупредување за цела Хрватска, освен за брегот на
Далмација поради можни поизразени врнежи и грмежи. „Бидете внимателни за можни
силни грмотевици. Посебно внимавајте на изложените области како што се планини,
шуми и ливади или отворени полиња. Можни се прекини на активностите на
отворено“, се вели во предупредувањето.
Кај нас,
метеорологот Попоски предупреди за ново невреме во попладневните часови.
Попладне
особено во западните предели од Македонија, а во среда и на многу места ќе биде
нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува метеорлогот
Славчо Попоски.
Вели дека поради зголемената енергија во атмосферата,
повторно локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен
дожд, значително количество на воден талог за релативно кратко време, силни
електрични празнења, силен ветер и со услои за појава на град. Локално градот
би можел да биде покрупен. Температурите ќе се искачуваат во интервалот
од 28 до 35 степени.
