
НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Дрво падна во Нови Сад
Невреме ја погоди Србија.
Во Нови Сад падна дрво поради силината на ветерот. Републичката хидрометеоролошка служба (РХМЗ) издаде предупредување за северниот и западниот дел на Србија за попладне и вечерва, каде што се очекува облачност, придружена со дожд и локални врнежи од дожд со грмежи. Според прогнозата на РХМЗ, денеска низ цела Србија е на сила жолто временско предупредување, што укажува дека времето може да биде опасно, проследено со грмотевици и екстремно ниски температури.
Месецов паѓаше град во Србија и тоа повеќе пати.