
Невреме со дожд, град и силни ветрови го зафати Велешкиот и Штипскиот регион, се приближува и кон Скопје
Силна нестабилна облачна маса попладнево го зафати подрачјето околу Езеро Младост и дел од Велес, проследена со интензивни поројни врнежи од дожд и град, силни електрични празнења и засилен ветер. Нестабилноста предизвикува услови за појава на штети од поголем размер, предупредуваат метеоролозите.
Слична ситуација е забележана и меѓу Штип и Кочани, особено во регионот на Горни и Долни Балван, каде се регистрирани обилни врнежи, грмежи и силен ветер.
Во меѓувреме, од западниот дел на земјата кон Скопје се движи уште една нестабилна облачна маса, која може да донесе пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град.
Граѓаните се повикуваат на зголемено внимание и да избегнуваат движење на отворено додека трае нестабилноста. Надлежните служби апелираат да се следат прогнозите и предупредувањата.