
Невреме низ Македонија, каде наврна најмногу дожд?
Во изминатите 12 часа, до 20 часот, најголема количина на воден талог е измерена во Крива Паланка, каде се наврнале 64 литри на метар квадратен.
Во Прилеп се измерени 20 l/m², во Тетово 14, Скопје-Петровец 9, Штип 5, а во Берово 2 l/m².
Дадените вредности се добиени од дождомерните станици на УХМР. Поради локалноста на процесите, количината на врнежи може значително да варира, па на одредени места е можно да има наврнато и повеќе од измереното.