
НЕВРЕМЕ И ВО ЦРНА ГОРА: Туристите низ вирови поминуваат со куфери
Невреме денеска ја зафати Црна Гора.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како силен дожд паѓа во неколку градови во Црна Гора. Во описот на едно од видеата се наведува дека невремето ги зафатило градовите Улцињ, Бар и Херцег Нови.
Може да се забележат и туристи и локални жители како минуваат низ големи вирови, носејќи куфери во Тиват.
Силното невреме што во текот на изминатата ноќ го зафати регионот на Сплит во Хрватска остави зад себе поплавени улици, откорнати дрјва , уништени возила и поплавени подруми. Во Сплит за кратко време наврнаа повеќе од 25 литри дожд на метар квадартен.
Невреме имаше и во Босна и Херцеговина(БиХ).
фото принтскрин