Невреме доаѓа кон Македонија – ќе врне, грми и ќе има појава на град!
УХМР информира дека нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон Македонија.
Според нив, се очекува во наредниот час да го зафати подрачјето на Скопската Котлина, како и Кумановскиот регион.
Проследена е со електрични празнења, пороен дожд, силен ветер и појава на град.