
НЕВРАБОТЕНОСТА ЗАБЕЛЕЖА БЛАГ ПАД – и понатаму голем број граѓани се надвор од пазарот на труд
Невработеноста во Македонија во првиот квартал спаднала на 12,9 отсто, објави Државниот завод за статистика. Согласно податоците кои ДЗС ги обзнани денеска, стапката на активност во овој период е 52,1 проценти, а стапката на вработеност 45,4 отсто.
– Според објавените податоци, во овој период евидентирани се 788.909 лица како активно население од кои 687.351 се вработени, а 101.558 невработени – соопшти ДЗС.
За споредба, за минатата година, стапката на невработеноста била благо над 13 проценти.
– Активното население во Македонија изнесува 791.647 лица, од кои вработени се 688.296, а 103.351 лице е невработено.
Стапката на активност во овој период е 52,3 отсто, стапката на вработеност 45,4, додека стапката на невработеност изнесува 13,1 процент – соопштија од ДЗС.