Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Невообичаена говорна порака од автоматска секретарка утрово преку 112 спаси тешко повреден возач во Македонија
Македонија

Невообичаена говорна порака од автоматска секретарка утрово преку 112 спаси тешко повреден возач во Македонија

29/07/2023

AA

Утрово во 04.20 часот на Единствениот европски број за итни случаи 112 во ЦУК пристигна невообичаена говорна порака на англиски јазик од автоматска секретарка на мобилен телефон.

Практично тој телефон, при излетување на возило е програмиран автоматски да дава информација на Единствениот европски број за итни случаи 112 во било која европска држава и пошироко, дека најверојатно се случила сообраќајна незгода, а лицето што го поседува мобилниот телефон не е во состојба да се јави.

Во ЦУК, согласно процедурата, веднаш се забележани координатите на локацијата од каде што е примен повикот и почнува итна проверка на вистинитоста, бидејќи ваквите повици се невообичаени и се проверуваат во соработка со МВР, дали се активирани од реална незгода или се случајни.

Според првично собраните („автоматски“) информации во ЦУК, претпоставка било дека се работи за сообраќајна незгода којашто се случила на територија на село Чалошево, на три километри по магистралниот пат во правец Велес – Штип.

30-ина минути подоцна од МВР е добиена официјална потврда дека повикот е вистинит и дека се случила сообраќајна незгода на магистралниот пат Велес – Штип, сега со поконкретен теренски опис дека тоа е близу на „Уни Агро“ и дека во излетаниот автомобил има повредено и заглавено лице.

По извлекувањето на повреденото лице екипа од Итна медицинска помош го однела во болница во Велес, а потоа, најверојатно заради сериозноста на повредите е пренесено во Хируршките клиники во Скопје.

Ова е редок пример за спасување лице кое не е можност да се јави, а мобилниот телефон автоматски испраќа порака за можна случена сообраќајна несреќа на 112. Со повикот се добиваат и координати за локација на возилото, односно повреденото лице како во случајот и најпрво се врши проверка на реалната ситуација, а потоа во согласност со ситуацијата и извлекување и спасување на повреденото лице.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Хуманитарна акција на Црвениот крст: Помош за настраданите од поплавите

18/02/2026
Македонија

Три пожари низ Струмица, пожарникарите во акција!

18/02/2026
Македонија

ССМ ПРЕМОЛЧУВА ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ КАКО ОПОЗИЦИЈА ГО ЗАШТИТИ РАСТОТ НА

18/02/2026
Македонија

Констатирани оставките на Бислимоски и Ристовска

18/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНКА „МРТВА ПИЈАНА“ ЗАД ВОЛАНОТ: Возела „Опел“ со 1,77 промили

18/02/2026
Македонија

ДИПЛОМАТСКИ „РЕФРЕШ“: Владата предложи 9 нови амбасадори – ексминистерот Муртезани

18/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ГИ ПОТВРДИ ОСТАВКИТЕ НА МАРКО БИСЛИМОВСКИ И НА ЦВЕТА

18/02/2026
Македонија

Вечерните пукотници ги вознемирија велешани – Армијата тренирала со маневарска

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41605
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Хуманитарна акција на Црвениот крст: Помош за настраданите од поплавите во скопски Сарај, Гостивар и

18/02/2026

Поплавите кои повторно го зафатија Кичевскиот регион, како и области во Скопје и Гостивар, предизвикаа сериозни штети и зголемена загриженост

Три пожари низ Струмица, пожарникарите во акција!

18/02/2026

Струмичката противпожарна единица утрово интервенираше на три различни локации. Првиот пожар избил во 07:00 часот во викендичка на Суви Лаки,

ССМ ПРЕМОЛЧУВА ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ КАКО ОПОЗИЦИЈА ГО ЗАШТИТИ РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ Со 40 амандмани издејствувавме

18/02/2026

Денеска повторно сме должни да ја кажеме вистината – истите тие кои денеска зборуваат за недостиг од социјален дијалог ги

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy